Најлудите изуми од минатиот век

Но постојат и оние изуми кои некогаш биле вистински хит, а потоа исчезнале, можеби дури и сме се смееле на нив. Еве ги најбизарните за минатиот век.

Кафези за деца – почнале да се произведуваат во 1937 година и се кроистеле многу во Лондон. Се вградувале на прозорот, од неговата надворешна страна за да детето може да биде на чист воздух и да ужива во погледот на улицата.

Oдело за летање – ова е изум од 1955 година од Лео Валентин. Овој човек бил вљубен во летањето, а пример му биле митските карактери како Икар и Дедал. Оделото изгледало како да човекот е замотан во нешто што има крила. За несреќа Валентин паднал од својот изум – поточно, пробал да лета во ова одело и загинал кога паднал на земја од авион.

Финска пренослива сауна – по добриот оброк одлично е малку да се опуштите и да ги истрошите калориите, а за тоа ви е потребен уште еден луд изум од минатиот век – финската подвижна сауна. Производството на оваа сауна започнало но и престанало во 1962 година. Изгледала како голема кутија во која се затворате со помош на патент затворач, а само главата ви излегува надвор.

Даска за сурфање со мотор – ви се допаѓа идеата да сурфате но ви изгледа многу напорно? Баш поради тоа е измислена даската за сурфање со мотор. Важно е само да стоите на неа, а моторот ќе ја направи останатата работа.

Чадор за цигари – ако сакате да пушите на дожд, тоа е проблем. Зошто? Цигарата може да ви се изгаси, што е пекол за секој пушач. Сепак во 1954 година почнал да се произведува чадор за цигари. Бил направен вака – на лулето, во кое се ставала цигарата, од горната страна имало мал држач, а од него висел мал чадор кој ја покривал цигарата. 

 

Оставете коментар