Најбизарните религии во светот

Тој, од друга страна, на црквата и послужил како одлична реклама преку која ќе стекне поголем број членови. Меѓутоа, освен сајентологијата постојат уште почудни и побизрни религии. 

Марадонизам

Иако со својот талент, креативност и енергија го заслужил своето моесто меѓу најдобирте фудбалери во светот, Диего Армандо Марадона е далеку од светец. Меѓутоа, така не мислат следбениците кои 30 октомври 1998 година на неговиот 38 роденден ја основале Црквата на Марадона.
Таа денес, се зборува, брои преку сто илјади членови од 60 земји ширум светот. Доколку се прашувате што треба да направите за да станете член, одговорот е многу еденоставен – припадниците на оваа црква годините ги бројат од 1960 година па наваму – од раѓањето на Марадона. Исто така, тие често ја користат кратенката D10S како едно од имињата на Марадона. Овој знак е составен од бројо на дресот на Марадона 10 и зборот Dios (бог). Една од заповедите кон кои се придржуваат е: “Нека Диего биде името на сите твои деца” и “Шири ги гласините за чудата на Марадона”.

Вудизам – црквата на Еда Вуда

Некои луѓе веруваат дека нивниот спасител е Исус, други Мухаменд, трети Буда, додека на некои им помогнал некогаш славниот фудбалер Марадона. Меѓутоа, постојат и оние кои својот спас го гледаат низ поклонување на американскиот режисер Еду Вуду. Иако тој самиот немал никакви боженствени претензии, не можел ништо против бројните следбеници кои верувале дека неговите филмови ќе им помогнат во откривање на формулата за среќен и позтивиен живот. Еден од најважните ритуали на Вудистите е облекување во гардероба од спортивниот пол, затоа што и самиот режисер (нивниот бог) во своите филмови често вклучувал трансвестити. 

Црква на еутаназијата

Оваа морбидна црква е креација на свештеникот Крис Корд од Бостон. Целта на организацијата е да го нагласи фактот дека светот е пренатрупан со луѓе, па поради тоа ваше е да направите нешто против тоа. Како? Многу едноставно. Се што е потребно е да се пријавите на нивната интернет страница и да се откажете од својот живот со цел да ја намалите популацијата. Исто така, освен самоубиство, тие одобруваат и методи како абортус, канибализам и содомија. 

Гугловата црква – гуглизам

Приказната за морбидни религии го зафатила, за жал, и еден од најголемите пребарувачи на денешницата. Основачот на овој популарен производ е Мет Мекфирсон. Неговите следбеници веруваат дека Google е “оној што гледа е знае се” и дека бап најпопуларниот пребарувач е најблиску што човештвото може да се доближи до божественото. На официјалната страница на гугловата црква може да се најдат и деветте факти кои би требало да ја докажат духовната карактеристика на Google.

Сајентолошката црква

Според Википедија, сајентологијата е движење или збир верувања и учења чија идеологија се темели на делата на американскиот писател Л. Рон Хабард. Изворно претставува секуларна филозофија на 1952 година, а нејзин автор бил писателот на научна фантастика Хабард.
Кратко потоа, во 1953 година пренасочена е како ‘применета религиска филозофија’. Хабард својата неверојатно популарна, но истовремено и необично приглупа религија ја засновал на тезата дека животот на Змејата индиректно го создал семоќно вонземско битие, Ксену, меѓугалактички диктатор кој пред 75 милиони години испратил милијарди свои поданици на Земјата, ги сместил покрај вулканите и потоа ги убил со хидрогеснки бомби. Останале само нивните души од кои подоцна се развил животот на планетата Земја.
Во меѓувреме овој диктатор бил соборен и затоврен во ‘електронска планинска замка’ од своите поданици во која се наоѓа се до денес. Сајентолозите овој мит го ‘кријат’ од јавноста, но креаторите на серијата South Park на одличен начин го искористиле во една од своите епизоди.

 

 

Оставете коментар