Нагло исселување на младите кавадарчани, македонците се со најниски плати во регионот

Од поранешните Југословенски држави највисока плата има во Словенија и изнесува 1.002 евра, додека во Хрватска во Јуни просечната плата изнесувала 782 евра. Овие две земји се единствени во регионот каде просечната плата изнесува повеќе од 500 евра. Во Црна Гора просечната плата е 473 евра, додека во Босна и Херцеговина месечните примања изнесуваат 423 евра. Србија е со месечна плата од 381 евра.
Македонија го држи дното во однос на прашањето за висината на просечната плата. 

Според државниот завод за статистика во Јуни просечната плата на македонските простори изнесувала 352 евра. Ваквата информација ја шокира македонската јавност затоа што обичниот Македонец е свесен за своите ниски примања кои не се ни приближно до пресметаната просечна плата а ваквиот просек веројатно се однесува на лицата кои имаат работа во администрација.

Голем дел од Кавадарчани кои работат во приватните фирми со висината на нивните плати со крајни сили обезбедуваат финансиски средства за преживување на месецот. Горлив проблемот со тешката живеачка а непобиен е фактот дека од Кавадарци масовно се иселуваат млади лица кои шансата за подобро утро ја бараат во развиените Европски земји а се повеќе и во далечната Америка.

Оставете коментар