На буква, на буква – И

И, како институциите. Институции не изградивме па се сведовме на И – индивидуи. Гласаме за индивидуи, а не за идеологии и идеи. Бидејќи не убедуваат дека развојот на целото општество зависи само од индивидуалниот ангажман. А потоа и излегува дека се заивиси од индивидуалниот домет – колку некој знае, умее, може и сака, така и ќе ни биде. Од највисокиот државен орган до најнискиот шалтер.

И, како индивудуи. Бидејќи индивидуите не ги познаваме лично, ни останува за нив да судиме врз основа на импресиите. Колку се импресиите поимпресивни толку повеќе гласови таа индивидуа добива. Секако дека би било подобро да, наместо само импресии, да располагаме и со вистински информации, но тоа би било толку импозантен напредок за ова општество што не е реално дека набрзо ќе го искусиме. А каква е ситуацијата со медиумите, може нема воопшто да го доживееме.

И, како инфомации. Со оглед дека се од особено значење, информациите се предмет на манипулација. Па така информациите кои не се во корист на власта (преговори, договори) ќе бидат недостапни за јавноста, но ќе бидеме затрупани со информации кои можат да им наштетат на противниците, а се со цел вистината да остане во магла.

И, како искреност и вистина, а вистината како категорички императив или императивно превртлива категорија, во зависност од тоа дали зборуваме за минатото или за иднината. Ако е во прашање иднината, тогаш вистината е задолжителна, апсолутна и неоспорна, но ако треба да се објасни минатото, вистината станува хипотетички императив кој во нашата верзија гласи: ако е нешто црно, мора да тврдиш дека е бело. Тогаш не е ни чудно што истовремно сме спремни и да веруваме на криминалците на нивниот збор и да не веруваме на никој без полиграф.

И, како идеал. Кога ни се препорачуваат, политичарите ни зборуваат дека имаат идеали и дека само порадиидеалите се занимаваат со политика. Ние за нив гласаме малку поради идеалот, а малку затоа што мислиме дека би било идеално да добиеме власт која ќе ни даде повеќе, а ќе бара помалку. А тие мислат дека би било идеално ние од нив да бараме помалку, а да им дадеме повеќе. Повисока идеализација, идолопоклонство и обожавање до имбецилност.

И, како составување на Влада. Пред изборите беше или – или. Или сте за нас или сте за тајкуните и мафијашите; или сте за реформи или сте за корупција; или ќе ни дадете легитимитет или нема да владееме … За да сега после избори, кога парламентарното мнозинство е неоспорно, паднавме на и – и. Може и ова и она партија, и оние кои оптужуваа за криминал и овие кои се оптужени дека ги кочат реформите, и овој о оној, и Курто и Мурто.

И решенијата кои ги нудат се некако и – и. И реформи и се по старо, и сурово капиталистички и непоколебливо социјално, и департизација и партократија.

И, како да имаш и да бидеш. А ќе биде дека тие ќе имаат. А за нас ќе биде – ќе не бие лош глас, што сеуште е подобро отколку да не бие добар силеџија. Иако ниту тоа не е исклучено.

 

 

Извор: pescanik.net/
Превод: Попова

 

Оставете коментар