(ВИДЕО) Вработен во МВР го снимаше протестот во Кавадарци!

Објективот на МВР на терен, на синоќешниот протест во Кавадарци на кој масовно беше изразен револтот против аболицијата на Иванов, вработено лице во МВР со камера го снимаше настанот.

Според нашите извори станува збор за лице кое е вработено во МВР, секторот за крим техника во општина Неготино. Неговото присуство го навлече гневот на протестантите кои експресно побараа да престане со снимање и да го напушти местото.


Полицајците кои го обезбедуваа просторот пред општинската зграда во Кавадарци не дозволија да дојде до посериозен инцидент. Ова е уште еден нов предизвик за министерот Оливер Спасовски да истражи дали ова лице било на работа во тоа време, и по чија наредба го снимал протестот.

Како и  во претходниот случај кога полицаецот Саше М. снимаше на протестот во Скопје така и овде преку Секторот за внатрешна контрола на МВР може да се открие кој го пратил вработениот во МВР од Неготино да снима на протестот во Кавадарци, кој му ја доверил задачата, за какви потреби му биле снимките од протестите? Дали одработува партиски задачи? Дали му рапортира на Чавков?

За да се избегне поголем инцидент, лицето од МВР го затвори објективот од камерата и заврши со снимањето откако изреагира толпа од револтирани граѓани. Да потсетиме само дека дополнителниот заменик министер од ВМРО ДПМНЕ, Чавков, самиот јавно призна и се закани дека полицијата снима и ќе гони кривично.