Мртовечкиот венец ќе се враќа кај испраќачот – влада на РМ

Откако синоќа непознато лице однело посмртен венец во домот на новинарот и уредник на Нова ТВ Борјан Јовановски со натпис „последен поздрав“ велејќи дека „поздравот“ е од Тодор Александров, новинарите за денеска напладне најавуваат собир пред Владата.

Венецот ќе биде вратен кај испраќачот и вистински гробар на македонското општество а тоа е таканаречената Влада на Република Македонија со нејзините пропратни семенски материјали.

На улицата “Илинденска” во Скопје денеска од 12 часот е зборното место од каде ќе се испрати пораката дека граѓаните повеќе не им се плашат на “Луѓето во Црно”, немакедонската ДПМНЕ криминална фаланга.

„Овој чин го сфаќаме како мафијашка порака од фамилијата што ја владее Македонија до критичките медиуми и новинари, што не очекува сите од ред ако и се спротивставуваме на власта!“, се наведува во соопштението на пленумот.

Оставете коментар