МНОГУДЕТНИТЕ СЕМЕЈСТВА – ЖИВА СИРОМАШТИЈА

Семејствата со три или повеќе деца се повеќе осиромашуваат. Во 2012 та година стапката на сиромаштија кај нив е позначајно зголемена за период од две години. Се продлабочува сиромаштијата и во семејствата на самохран родител и едено дете. Најновото статистистичко мерење “Лаекен индикатор за сиромашатија” покажа дека во 2012 та сиромаштијата на ниво на државата изнесувала 26,2 отсто и во однос на 2011 та се намалила за 0,6 отсто. Но во исто време, Заводот за статистика ја намали стапката на сиромаштија во 2011 -та со образложение дека податоците се ревидирани. Кои семејства живеат во најдлабока сиромаштија, како се објаснува состојбата во која вработеноста расте а сиромаштијата речиси си е бетонирана?

Во Македонија има 540 илјади лица што живеат под праг на сиромаштија. Доколку се зема предвид дефиницијата за сиромаштија на Светска банка, тоа значи дека секој четврти граѓанин живее со два долари на ден. Според податоците на Заводот за статистика, стапката на сиромаштија во 2012 -та година изнесувала 26,2 отсто и во однос на 2011 та се намалила за 0,6%.

“Ова е незначително намалување, мала разлика во однос на состојбата во 2011 та година. Практично ние во последните десет години и немаме позначајно поместување кога зборуваме за сиромаштија. До 2002 та година стапката се движеше под 20 отсто, но потоа, откако се зголеми, се движи околу 30 отсто, секое вакво минимално намалување воопшто не влијае, односно не укажува на позначително менување на состојбата” – вели универзатитескиот прфесор Илија Ацевски.

 

Она што според социолозите загрижува е податокот дека сиромаштијата се продлабочува кај лицата што заработуваат, односно работат. Така податоците покажуваат дека стапката на сиромаштија кај вработените лица во 2012 та година изнесувала 11,1 отсто и таа е зголемена во однос на 2011 та година, кога изнесувала 10,2 отсто. Во исто време статистиката измери дека сиромаштијата расте и кај оние со полно и кај оние со скратено работно време. За разлика од вработените, сиромаштијата кај невработените се намалува, пред се како резултат на државните надоместоци. Во 2012 та година стапката на сиромаштија кај невработените изнесувала 46,5 отсто, додека во 2011 та била 48,7 отсто.

“Тоа што стапката на сиромаштија се зголемува кај вработените е состојба која има едноставно и логично објаснување. Имено, тоа покажува дека главно, вреботените, кои се во најголем дел во ниско платените дејности, земаат ниски плати. Тоа значи дека тие заработуваат, но со парите не можат да си обезбедат нормален живот. Од друга страна, стапката на сиромаштија се намалува кај оние што не работ а се корисници на државни бенефиции. Ова значи дека линијата меѓу сиромашните вработени и невработени се приближува. Она што алармира е дека голем дел од популацијата е токму во зоната на вработени а сиромашни лица. Дополнително, уште ако работат а не земаат плата, тие автоматски влегуваат во оваа зона” – вели професорот Ацевски.

Според социолозите уште еден показател од новото статистичко мерење укажува на влоѓување на состојбата, особено кај онаа “средна класа”. Така, показателите укажуваат на зголемување на сиромаштијата кај четиричлените семејства, со две деца помали од 14 години. Под прагот на сиромаштија живеат повеќе од 141 илјади лица од ваквите семјства и за една година бројот на овие лица е зголемен за 11 600.

“Кај четиричлените семејства, кои се сметаат за најбројни, главно има по еден вработен и тој е со ниски примања.Овие семејства, особено оние со децата на воздраст од 10 до 17 години, имаат и поголеми трошоци поради поголемите потреби за децата, нивно издржување и образование. Тоа е таа најранлива категораија на граѓани” – објаснува социологот Ацевски.

Статистиката покажува дека најдлабока стапка на сиромаштија има кај семејствата со три или повеќе деца, односно многудетните семејства, каде е измерена сиромаштија од 53,9 отсто и во однос на 2011 та година има позначајно зголемување, кога стапката изнесувала 49,6 отсто а во 2010 та 44,0 отсто. Сиромаштијата се продлабочува и кај семејствата со две деца, со стапка од 24,3 отсто, потоа и семејство на самохран родител и дете, со стапка на сиромаштија од 30,8 отсто.

Сиромаштијата се продлабочува и кај пензионерите, така во 2012 та стапката на сиромаштија кај оваа категорија на луѓе изнесувала 14,1 отсто, за разлика од 2011 та, кога била 13,0 отсто.

Додека од една страна стапката на сиромаштија бавно се намалува, од друга страна податоците на надлежните инеституции покажуваат раст на вработеноста.

 

“Точно е дека расте бројот и вредноста на странските инвестиции и дека тие отвораат нови работни места, но мора да се каже дека тоа се ниско платени работници со плати од 200 до 250 евра, плати кои не можат да обезбедат нормален живот, надвор од зоната на сиромаштија. Од друга страна, за овие работни позиции во Европа работниците се платени од десет до петнаесет пати повеќе” – вели Ацевски.

Според документот “Милениумски развојни цели”, посветен за Македонија во 2015-та година, сиромаштијата во Македонија треба да се сведе на само 9,5 отсто, стапка која според социолозите не е достижна ниту остварлива. Според еден од извештаите на Светска Банка, бројот на луѓе во Македонија што живеат со помалку од 2 долари на ден ( што е параметар за дефиницијата за сиромшатија) во 2012 та година се зголемил на 140 000, при што се бележи раст на оние што не можат да ги задоволат основните животни потреби. Според анализата, само 5 проценти од граѓаните располагаат со 49 отсто од доходот во земјата.

Во април годинава, вашингтонскиот “Институт Кејто” ја рангираше Македонија на 11- то место од вкупно 90 анализирани земји според длабочината на сиромаштија. Со индекс 35,7 отсто, земјава се вброи во оние кои се најсиромашни, а како клучна причина се посочува невработеноста.

Оставете коментар