Младите се повеќе користат наркотици!

Родителите се се повеќе заинтересирани за купување на ваквите тестови со цел да дознаат дали нивното дете користи опојни средства. Психијатрите нагласуваат дека овие тестови можат да се изведат во домашни услови но под стручен надзор бидејќи тестот може да биде и лажно позитивен со што би се создале поголеми компликации.

Зголемување е евидентирано и кај средношколците. Дел од нив побарале разговор со стручно лице откако консумирале дрога. Алармантен е фактот дека се повеќе млади подлегнуваат на овој порок и од аптеките бараат стерилни игли и шприцови како и лекови за смирување кога се наоѓаат во криза.

Нестандардното однесување , губењето на апетитот и постојана промена на друштва се наведуваат како едни од главните симптоми поради кои родителите одлучуваат да ги тестираат своите деца на ваков начин.
Тестовите ги има во неколку видови а се изведуваат преку урина со што може да се провери дали лицето земало марихуана , кокаин, амфетамини или хероин.

Оставете коментар