(ФОТО)Младите порачаа: “”Лалуна” да биде младински културен центар”

Младинскиот Образовен Форум и здружението на граѓани “Проект – Еу” побараа од надлежните органи да се отвори младински културен центар во општина Кавадарци. Ваква културна институција Кавадарци нема веќе од поодамна а е потребна да постои како катче каде младите ентузијасти би можеле да творат и креираат.

Вчера, 29ти август 2014, на плоштадот во Кавадарци на пладне осумдесетина млади од 14 градови низ Македонија преку невообичан перформанс ги запреа минувачите на плоштадот и им понудија да бидат дел од еден имровизиран младински културен центар – на отворено.

На плоштадот во градот во текот на половина час фунционираше импровизиран младински културен центар во кој се случија: младинска дебата, филмска проекција, театарски перформанс и музички настап, а се „отворија“ и работилници за уметност, клуб за изучување јазици и литературно друштво.

 

“Целта на настанот е да се прикаже потребата од слобода на изразување на младите, нивна неформална едукација како и поттикнување на младинскиот активизам и младинското здружување во Македонија. Во текот на перформансот се изведени активности кои ги прикажуваат активностите кои би требало да се случуваат во младинските културни центри. МОФ летната академија е поддржана од УСАИД а денешниот настан кој го реализираме на градскиот плоштад во Кавадарци е во соработка на здружението на граѓани “Проект-Еу” од Кавадарци како и веб порталот “Мојотград”. Очекуваме поддршка од локалните власти како и од младите не само од Кавадарци ами и ширум Македонија, бидејќи е проблем кој директно не засега нас младите. Сакаме да имаме простор каде што ќе се дружиме, слободно изразуваме, дебатираме, дискутираме и да го крениме прашањето за младинскиот активизам на едно повисоко ниво”. – изјави Петар Антевски од МОФ.

“Дојдовме денеска овде, на градскиот плоштад да ја покрениме иницијативата за отварање на младински културен центар во Кавадарци, центар кој во минатото постоел а сега за жал го нема. Идеја на оваа иницијатива да се започне токму овде од Кавадарци е што семинарот се оддржа во Михајлово  а друга работа што Кавадарци има една идеална локација за изградба на младински културен центар, тоа е локацијата во градскиот парк на местото од поранешната дискотека “Лалуна”. Се надеваме дека денешниот настан ќе биде поттик за наредни активности и таа идеја за младински културен центар во Кавадарци во скоро време и да се реализира”. – вели Никола Богевски, претставник на младите активисти од Кавадарци кои земаа учество на МОФ летната академија.

Овој настан беше дел од шестата по ред МОФ Летната академија која се одржа во Михајлово – Кавадарци.

Повеќе фотографии на следниот линк.

Оставете коментар