Младинскиот центар “Креактив” со оглас за работно место

Лицето ќе биде ангажирано на временски период од 6 месеци, со работно време од 30 до 35 работни часа неделно.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

– Завршено најмалку средно образование
– Возраст од 20 до 30 години
– Одлично познавање на англиски јазик
– Основно познавање на работа со компјутери
Искуства и вештини:

– Одлични комуникациски вештини, особено во комуникација со млади
– Организациски способности и вештини за организирање на активности и настани
– Претходно искуство во работа со млади, европски програми за мобилност и неформална едукација ќе се смета за предност
Од кандидатите се очекува:

– Подготвеност за работа со флексибилно работно време, по потреба навечер и на неработни денови
– Подготвеност за работа како дел од тим составен од лица од различни култури
– Подготвеност за патување во Македонија и во други земји на меѓународни проекти на Креактив
– Подготвеност за постојано надоградување и стекнување нови знаења и вештини преку дополнителни обуки
Работни обврски:

– Креирање и имплементирање на активности за млади со цел нивен личен и професионален развој и зголемено учество во активности на заедницата
– Секојдневна младинска работа со индивидуалци и групи, во рамки на Младинскиот центар и на отворено
– Менторска поддршка на ЕВС волонтерите на Креактив
– Асистирање при имплементацијата на проектите на Креактив, пред се: меѓународните проекти во рамки на програмата Ерасмус+ и проектот за органско производство на храна
– Секојдневна комуникација со образовните институции, јавниот и бизнис секторот во Кавадарци, во согласност со потребите на Младинскиот центар
– Промоција на активностите на Младинскиот центар

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија и мотивационо писмо најдоцна до 31ви декември 2014 по електронски пат на e-mail: kontakt@kreaktiv.mk. Сите кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат викнати на разговор, што ќе биде спроведен на англиски јазик, во просториите на Младинскиот центар Креактив – Кавадарци. Се очекува избраниот кандидат да започне со работа околу 15ти јануари 2015.

Оставете коментар