Митот за страдалништвото

А во поново време на пример во учебниците за историја се негува митот за националното страдање. За улогата на нацијата која била измачувана се посегнува затоа што “улогата на потчинетата нација која страда знае да биде привлечна и и да го заинтригира населението и нацијата. Улогата на страдалник произведува самосожалување, колективна сентименталност … Заеедницата на луѓе изложени на истиот притисок, истите опасности, неретко е појако поврзана отколку заедницата на триумфи.” (Лемберг 1964).

Понатаму “групата која сама себе си се гледа како страдалници – страдалници според праведни работи – може да делува со необична пропагандна сила на својата околина. Улогата на потчинетите и страдалниците е неверојатно атрактивна. Во тоа лежи тајната зошто всушност таквите групи на своја страна ги придобиваат припадниците на својата, инаку надмоќна околина.”

Баш поради тоа, при соочување со фактите кои го оспоруваат ова “национализмот на тезата која го оспорува одговара со дополнителен адут: улогата на жртва. Тој нуди долга листа на историски понижувања, политички и културни узурпации од страна на колонијалните и империјалните сили, кои дотичната нација порбале да ја уништат, загадат, изродат. Тоа се пробувало и се уште се пробува, секако без успех! Колку и да биле грозни злосторствата на освојувачите и колку векови и да траело тоа систематско истребување на народот кое требало да ја избрише потчинетата нација, таа преживеала! И покрај лажниот привид, мачената нација тајно секогаш успевала да одолее, ја сочувала својата суштина, останала секогаш верна на своите предци и потеклото, па со чиста душа го дочекала денот на враќање на својот одземен суверенитет и својата потисната слобода.” (Лоса 2000).

Од една страна, “секако дека таа листа на понижувања и неправди се потпира на некоја историска вистина. Но би било заблуда да се верува дека насилствата и злоставувањата од минатото кои појаките народи ги направиле над послабите народи се причина за национализам. Кога тоа би било така, тогаш национализмот како епидемија би се проширил до најоддалечениот крај на земјината топка. Бидејќи, зарем има барем една држава во чија историја не би се нашле причини за исправување на неправдата? Секое општество кое погледнува назад и подетално ја набљудува својата историја доаѓа до сценарио на хорор, злосторства и огромно насилство, кое подеднакво го правеле општествата, народите и нациите меѓусебно како што внатре во секое општество го правеле моќните класи или поединци над слабите. Во тој аспект , од историјата на сите држави настанува една историја на никаквост.”

Но национализмот сака да го гледа само своето страдање во историјата, спремно дури и измислува бидејќи “на национализмот му се потребни такви историски понижувања за да го оправда своето барање дека е жртва на едно колективно проживување на прастарата неправда која може да ја исправи само со повторно постигнување на изгубената независност. Тој има потреба од нив и за да би ја објаснил наводната нечистотија на националното единство – во областа на јазикот, културата, институциите и дури и расата – за да ја објасни политиката со која сега на позиција на владетел сака повторно да воспостави интегритет и чистота на нацијата, извалкана од вековите под туѓа власт.”

 

 

 

Извор: akuzativ.com

Превод: Попова

Оставете коментар