Mистериозниот број на Божествената пропорција

Познат и како фи, 1,618 е откриен уште од дамнешни времиња и долго време го носи епитетот Божествен број или Божествена (златна) пропорција.Како се добива?
Направете ја позната низа на броеви на Фибоначи. Низата се формира на следниот начин: започнете со две единици, а секој нов број го добивате како збир на претходните.
1, 2, 3, 5, 8, 13, 21, 34, 55, 89, 144, 233, 377…. (1+2=3; 2+3=5; 3+5=8; 5+8=13…)
Можеби оваа низа не ви изгледа необично, но проверете што се случува ако последниот број го поделите со оној пред него? 337 поделете го со 233 или 233 поделете го со 144. Колку и да е долга низата, секогаш го добивате бројот 1,618 или Божествената пропорција.
Во што е неговата тајна?
Многумина бројот 1,618 го сметаат за дело на Бог, негов доказ дека постои и дека токму тој е творецот на Вселената. Оваа Божествена пропорција се среќава во многу уметнички дела, градби како Кеопсовата Пирамида, во симфониите на Моцарт, па дури и познатиот Страдивариус внимавал растојанието на отворите на виолините да биде според оваа пропорција. Сепак, сите овие нешта се дело на човековата рака и не се никаков доказ за некаква божествена страна на бројот 1,618.
Но она што е особено интересно е појавата на овој број насекаде во природата. Сè што природата создала е подредено на оваа Божествена пропорција.

Лисјата на некои растенија се на меѓусебно растојание кое повторно е подредено на Божествената пропорција, а голем дел од цвеќињата имаат 5, 8, 13 ливчиња кои го сочинуваат цветот, броеви кои се дел од низата на Фибоначи.

Дури и човеково тело е создадено според оваа златна пропорција. Ако внимателно и точно го измерите растојанието од врвот на главата до прстите од нозете и го поделите со растојанието од папокот до прстите од нозете, треба да го добиете бројот 1,618!
Истото се случува и со растојанието од рамото до врвот на прстите поделено со растојанието од лактот до врвот на прстите.

Случајност или божествено дело, се чини дека Вселената е создадена според точно одредена пропорција, и токму во тоа се состои мистеријата и големината на бројот 1,618.

 

 

 

Оставете коментар