Книга: “Мистеријата на седумте бројчаници” – Агата Кристи

Карактеристично за стилот на Кристи, овој роман обработува мистериозно убиство во куќата на една млада авантуристка која решава да го преземе случајот во свои раце, добивајќи помош од нејзин познаник.

Патешествието и авантурите кои овие двајца млади ги доживуваат при потрагата на убиецот е невозможно да остават некого рамнодушен.

Романот е испреплетен со интриги, неочекувани случки и создава чувство на неизвесност.

И се разбира, во моментот кога навидум веќе сѐ е јасно, Агата повторно изненадува со еден сосема неочекуван крај, кој ги остава без здив нејзините читатели.

Она што воодушевува кај овој роман е начинот на кој, уште еднаш, Кристи успева да ги поврзе настаните оставајќи ги читателите да претпостават што следува, и за крај да им приреди фасцинантен завршеток на приказната кој ги остава во потрага по повеќе.

Според овој роман е снимен и филм во 1981 година кој има добиено доста добри критики и оцени.

 

 

 

 

Leave a Reply