Министерот Ставрески никако да се појави во судница

Ставрески веќе цели две години се немаше појавено во кривичниот суд каде се водеше постапката со образложение од таму дека не можат да го најдат и да го поканат зашто имало повеќе лица со име Зоран Ставрески. Сега не се појави на главната расправа во основниот суд Скопје 2, каде по декриминализација на клеветата, предметот се префрли во граѓанска постапка.

Бранителот на Ставрески во судницата кажа дека вицепремиерот е оправдано отсутен, и дека новинарите тоа требало да го знаат.

Судскиот спор против Ставрески трае повеќе од две години, ГЕМ го тужи за клевета, затоа што тој на прес конференција изјави дека ГЕМ е дел од стратегијата „Надеж“, создадена за насилно уривање на демократски избраните институции.

Ставрески тоа го кажа во октомври 2010 година, а неговата изјава беше поставена и на веб страната на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Видео А1ОН

Оставете коментар