Меркел: Mигрантите се поголем предизвик од грчката криза

“Потребна ни е заедничка политика во ЕУ околу барањата за азил”, изјави германската канцеларка Андреа Меркел.

Германија е преплавена со барања за азил, а според некои проценки, оваа година се очекуваат околу 600.000 барања.

Ангела Меркел рече дека ќе разговара за ова прашање со францускиот претседател Франсоа Оланд.

Германската канцеларка, исто така изјави дека очекува од Меѓународниот монетарен фонд да учествуваат во новиот пакет помош за Грција, додавајќи дека Кристин Лагард, која е на чело на оваа институција, ветила дека ќе лобира за тоа во одборот, пренесува Танјуг.

“ММФ учествуваше во преговорите и даде поддршка (договор со Грција)”, рече Меркел, додавајќи дека не се сомнева дека она што го ветила Лагард, дека ќе го оствари.

Меркел го отфрли барањето за намалува на грчкиот долг, но рече дека постојат и други начини, како што се продолжувањето на достасување на долгот или намалување на каматните стапки, пренесува Ројтерс.

Германскиот канцелар најави дека не е сигурно дека последниот пакет за Грција ќе биде успешен, но се надева дека земјата ќе ја надмине економската криза.

ММФ инсистира на тоа дека Грција треба да добијат некој вид на отпишување на долгот пред да се вклучат во новиот пакет помош.

Десетици пратеници од конзервативниот блок на Меркел планираат да се спротивстават на новиот пакет помош за Грција на специјалната парламентарна седницакоја во средата.

Оставете коментар