ЈАНЧЕВ вели дека не бил приведен, медиумите на ГРУЕВСКИ шират ЛАГИ и СТРАВ!

Јанчев му удре “шамар” на ДПМНЕ, на Груевски и на медиумите на Груевски

Медиумите на Груевски шират лаги и страв, министерството за внатрешни работи демантира дека кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци, Митко Јанчев, бил приведен, како што вчера на митинг во Могила изјави Никола Груевски.

Полициската станица Кавадарци во соработка со Основното јавно обвинителство Велес презеде мерки и активности во врска со сомнение за сторено кривично дело по член 160 од КЗ, но лицето М.Ј. воопшто не е повикано во полициска станица, велат од МВР.

Од таму наведуваат дека вчера од страна на граѓанин е доставена писмена пријава дека од страна на лицето Г. Ч. од Кавадарци се врши притисок врз лицата С. Ј. и И. А. да собираат по 50 гласа во корист на еден од кандидатите за градоначалник.

Направени се првични проверки, при што е извршен разговор со С. Ј. и известен е надлежен дежурен јавен обвинител од Велес. Заради документирање на случајот, лицата се сослушани во ОЈО Велес, а со Г. Ч. е извршен разговор во ПС ОН Кавадарци. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР во врска со информациите дека Јанчев бил приведен.

Во телефонски контакт за порталот Инфоцентар, Митко Јанчев изјавил дека се работи за грешка.

Грешка е. Јас  не бев ниту приведен, ниту задржан во полиција, туку тоа беше мој другар и моја десна рака, Горан. Тој беше задржан во станицата во Кавадарци, наводно поради вршење на притисок околу гласањето, а сега е пуштен. Наводно, тој отпуштил двајца келнери, а келнерите исто така се повикани на разговор во полициската станица во Велес. Јас не сум задржан во станица, не е точна информацијата, изјавил Јанчев.

Со оваа изјава каде Јанчев вели дека не бил задржан во полициска станица, им ги затворе партиските усти на дезинформаторите на ДПМНЕ, на Груевски, на полтронските медиуми на ДПМНЕ кои дрпаат пари од џебот на граѓаните и кои цела деценија ја лажат и манипулираат македонската јавност.

Граѓаните се веќе одлучни за кого ќе го дадат својот глас во недела, а тоа нема да биде кандидат и партија која со притисоци, поткуп, закани и уцени се обидува да ги плаши сопствените сограѓан.