Масовно труење на кучиња во Кавадарци?

Во изминатите неколку денови на територијата на општина Кавадарци честа појава е да се наиде на труп во распаѓање на куче или мачка. Кај граѓаните постојат сомнежи дека можеби се работи за организирана акција на труење на овие животни. Покрај улични кучиња, штетата ја трпат и граѓаните кои имаат домашни миленици.
Од изумрените лешови се шири непријатна миризба на која граѓаните реагираат. Сомнежите дека можеби се работи за организирана акција на труење на кучињата бездомници доведе до формирање на група на фејсбук социјалната мрежа каде дел од граѓаните револтирано коментираат за настанатата ситуација. Еден од администраторите на групата КОИ СЕ УБИЈЦИТЕ НА КУЧИЊА И МАЧИЊА ВО КАВАДАРЦИ? во свој коментар го изнесува својот став:

“КОИ СЕ УБИЈЦИТЕ НА КУЧИЊА И МАЧИЊА ВО КАВАДАРЦИ? На нај примитивен начин се истребуваат кучињата? – се трујат со ланата. Срамен е начинот на истребување. Наместо тоа нека се запрашаат надлежните што фали во градот за заштита и за отстранување на глутници што шетаат и бездомни кучиња и мачиња. Има начин ама прашање има ли кој нешто да превземе? Лесно е да го искористиме нашиот недоволен капацитет, примитивен, суров и да ги убиваме подмолно. Срамота е за сите нас ова што ни се случува и жално е. И дечиња можеме да видиме како си земаат од земја некое чоколадо што им паднало и повторно го јадат. Не сакам ни да замислам што би можело да се случи ако падне на место кај што имало отров за убиство на животни… Каде и во кој век живееме?!

Во Кавадарци деновиве се иструени многу кучиња и мачиња од непознати причини. Најверојатно од причина дека има многу бездомни а можеби и опасни кучиња, па некоја институција најверојатно по нечија наредба, има расфрлано отров насекаде низ градот за уништување и намалување на бројот на кучињата скитници и други животни. Убиени се и животни кои имаат сопственици за време на нивното дневно шеткање во својата околина. Дали е ова начин? Дали треба да се убиваат овие невини животни? Можеби е редно за шелтер центар за бездомни кучиња и мачиња. АПЕЛ до кој и да е одговорен: ПРЕСТАНЕТЕ ДА НИ ГИ УБИВАТЕ НАШИТЕ ЖИВОТНИ!”

Оставете коментар