Шекеринска: Македонија стана земја на споменици, со сè помалку народ

– Да, Македонија стана држава со повеќе споменици, а сè помалку народ. На сметка на другите градови, Скопје се централизираше и половина милијарда евра се вложија во централното градско подрачје, а со тие средства ќе ги изградевме Чебрен и Галиште. Живееме во држава во која вчера беа затворени 6.000 фирми, во која новинари седат во притвор, градоначалници на власта шверцуваат ловечка муниција, а власта не реагира. Македонија стана земја во која секојдневно се газат и кратат работничките права, земја на голема социјална раслоеност, каде што голем е јазот меѓу сиромашните и богатите граѓани. Мерките на СДСМ мора да станат македонска реалност – рече Шекеринска.

Таа рече дека Кавадарци е општина каде што земјоделието е важна стопанска гранка. Граѓаните се интересираа за предлог мерките на СДСМ за правични, редовни и навремени субвенции. Велат дека криминалниот проект „Скопје 2014“ го наполни главниот град со споменици, а ја остави празна внатрешноста на Македонија.

– Очигледно е дека граѓаните ги прифаќаат мерките на СДСМ. Затоа власта е исплашена. Нашата задача во оваа држава не е само да ја промениме државата, нашата обврска е да покажеме дека секој граѓанин во оваа држава има право на подобра иднина. Ние сме подготвени да го водиме овој процес. Подготвени сме со знаења, со Програма, искрено и храбро, да ја промениме денешнината и да се избориме за утрешнината – рече заменик претседателката Радмила Шекеринска на вечерашната трибина во Кавадарци.

Оставете коментар