Македонија повеќе не е држава!

Прв знак дека во зоната на власта се исчезнати и најситните траги на личен, институционален, правен и морален интегритет, е фактот дека точно 24 часа по објавувањето на некои прислушкувани разговори, немаме оставки на министерот за финансии и на министерката за внатрешни работи кои во овие материјали се јавуваат во улогите на жртви на системот што самите го персонализираат. Тие, очигледно, мислат дека нема проблем да се гледаат со својот морален и институционален егзекутор на седници на владата, во партијата или во делегациите што ќе одат да бараат странски робовласници на македонските робови-работници!

А, како што можеме да забележиме, нема оставка и на премиерот како и на целата влада! А требаше да има макар по три основи: прво, по тоа што се разголени и поединечно и како власт, односно влада, како највулгарни узурпатори на општите ресурси, второ, како уривачи на уставниот поредок и тоа во најчувствителниот дел на човековите права и, трето, по тоа што како власт дозволиле огромни купишта материјали што самите ги класифицирале, некои и со најсериозни безбедносни импликации, да излезат од контролата за која биле задолжени, со што на многу убедлив начин ни ја демонстрираат својата некомпетенција!

Тоа ни покажува дека Македонија ја нема минималната правна строгост за да се смета за држава и ја има максималната лудост за да се смета за територија под контрола на локална банда организирана во повисока форма на злосторничко здружение!

(Текстот е превземен од фејсбук профилот на авторот)

Оставете коментар