Македонија на 112. место по стабилност во светот

Полоши од нив се само нестабилни и неуредени африкански, јужноамерикански и азиски држави. Тоа го покажува истражување The Failed States Index 2013 кое го спроведуваат уредници на Foreign policy и Фондот за мир.

Во истражувањето се опфатени 178 држави, и според него, од БиХ и Србија на Стариот континет полошо за живот е во Белорусија која е најлоша држава во Европа.

БиХ е на 83 место во категории држави „во опасност“ додека Србија е на 92-то место на „најпропаднатите“ држави во светот. Македонија е на 112 место, додека подобро пласирана од неа е Aлбанија – на 119 место. Црна Гора (134 место) и Хрватска (135 место) се според тоа истражување, најстабилни држави во регионот.

Резултатите се добиени врз основа на 12 социјални, економски, политичкии воени индикатори меѓукои се употреба на сила, губење физичка контрола врз територијата, одлив на мозоци, легитимитет на државата, сиромаштија, економска криза, човекови права, безбедност, дискриминација и раселување.

Најнестабилна држава во светот е Сомалија, а најстабилна е Финска.

Извор А1ОН

Оставете коментар