Македонците со бугарски пасоши ќе треба или да служат војска или “дебело” да платат!

,,Илјадници незаконски бугарски пасоши‘‘. Под овие наслови бугарските медиуми известуваат за скандалозните решенија на Државната агенција за Бугарите во странство, која во изминатите години издала илјадници пасоши на наводни Бугари, кои освен изјава дека се чувствуваат Бугари, со ниту еден документ не го докажувале бугарското потекло пренесува порталот Безпардон.

Информацијата ја објави Државното обвинителство, кое ги проверува издадените државјанства и тековните апликации за бугарски пасош од 2011 година.

Притоа во медиумите се наведува дека меѓу апликантите кои чекаат ред пред агенцијата стојат бројни лица со бурки или муџахендински бради кои немаат никаква врска со Бугарија.

Сепак позади целава оваа шарада на Бугарија стои чисто лукративен скриен мотив, желбата на Бугарското министерство е дебело да се омрси од имателите на пасошите а кои фактички и не се Бугари, спремаат уред и закон по кој сите оние кои живеат надвор од границите на Бугарија или да служат војска во Армијата или да платат околу 2000 лева давачка или околу илјада евра плус данок.

Со овој потег Бугарската држава ќе се омрси од странците иматели на Бугарски пасош!

Оставете коментар