Македонци ограбиле “Мекдоналдс” во Дубаи

“Пред неколку месеци во Дубаи два пати имаше кражби на ресторан на Мекдоналдс од страна на работници од Македонија. И двајцата го „собрале“ дневниот промет и ја напуштиле земјата.Таквите ситуации влијаат на нашата соработка со тамошните фирми, а и на угледот на сите работници од Македонија. Има и доста убави приказни. Тие што сакаат да работат, заработуваат добро и напредуваат во кариерата“, велат од агенција за посредување за вработување во странство.

И двајцата „имале среќа„ што не завршиле во затвор, во место каде кражбите носат големи казни. Украле по околу 8.000 евра, а како што велат во агенцијата, посериозни интервенции на полицијата, како распишување потерница и сл., таму има кога има грабеж на над 100.000 евра. Кражбите ги извеле преку лажно прикажување на внесување на дневниот промет, по што директно со авион го напуштиле Дубаи.

Извор Е Магазин

Оставете коментар