Лапсуз на лустрациска: Повторно лустрирани починати лица!

Во постапката, Комисијата не прави разлика меѓу живи и починати. Доколку пронајде елементи, ги прогласува за соработници и оние кои ниту се живи ниту можат да станат дел од конкуренцијата за некаква функција.

Неколку поранешни носители на јавни функции се прогласeни за соработници на тајните служби. Нивните податоци ќе бидта внесени во регистерот на соработници.

Комисијата на денешната седница не го прифатила предлогот на Чедомир Дамјановски да се повлече решението со кое Петар Карајанов е прогласен за соработник на тајните служби. Минатата година, Карајанов доставил писмена изјава до Комисијата, заверена на нотар во која кажува дека не е соработник на тајните служби. Матичниот број што е наведен во таа изјава не соодвествува со матичниот број што е во решението. Ова е кривично дело, вели Дамјановски.

Портпаролот на Комисијата Димитровски тврди дека станува збор за ист матичен број. На седницата се разговарало и за заклучокот на комисијата со кој се опоменува Чедомир Дамјановски со своите настапи да не го крши деловникот за работа и злоупотребува службената положба.

Дамјановски најави дека наредната недела ќе одржи прес конференција на која ќе се изјасни за начинот на работењето на Комисијата. 

Оставете коментар