ТМ: Лустрацијата стана стигматизација на „домашните непријатели“ на режимот

„Наместо да се лустрираат соработниците на стариот режим и каде жртви биле слободоумните критичари на тој недемократски режим (дисиденти), и натаму се лустрираат актуелните слободоумни критичари на сегашниот режим! Тоа се потврдува и во случајот на проф. д-р Љубомир Фрчкоски, како еден од најхрабрите и највични критичари на актуелната власт. Комисијата за лустрација продолжува со политичка стигматизација и казнување на луѓе без каква било процедура за проверка на веродостојноста на обвинувањата и без лицето кое се товари за кршење начовековите права воопшто да биде сослушано, што е основен елемент насекоја правична постапка“, пишува во извештајот.
Транспарентност Македонија прашува како Комисијата утврдила дека се повредени правата и слободите на конкретни лица кои биле следени од службите на државната безбедност – и тоа од идеолошки или политички причини, како и од каде знае Комисијата дека овие следени лица не биле опасност за уставниот поредок.


„Како може министер за внатрешни работи, или, дури, во некои претходни случаи, шеф на тајна служба, да се обвинува дека користел информации на службите за безбедност?! А што му е работа на министерот – и на минатите и на сегашниот“, се прашањата што ги поставува ТМ.
Невладината организација укажува дека Комисијата со своето спроведување на Законот за лустрација, упорно продолжува да ги крши Уставот, Резолуцијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа и Европската конвенција за човековите права.

 

Оставете коментар