Лозарите ќе го “јадат”, 13 винарии останаа без лиценците заради неплатено грозје

Инспекторите утврдиле дека тие не ги исплатиле откупените количини грозје, иако законскиот рок за тоа истече. Винариите сега нема да можат да откупуваат грозје, додека не го исплатат ланското, а ќе треба да и платат и казна на државата во висина од 10% од долгот.

Според податоците на инспекторатот, шест винарски визби не го доисплатиле ланското грозје, седум навреме не ги доставиле извештаите, додека една добила и кривична пријава поради лажен финансиски извештај.

Вкупно 86 винарски визби се регистрирани во земјава, со капацитет на производство од околу два милиони хектолитри вино.

Извор Фактор

Оставете коментар