Пемова, Аризанов, Шошев, Шалев, Камчев…локал “патриоти” офајдени на грбот на земјоделците?

Земјоделците од Кавадарци искрадени од своите сограѓани?

Ние имаме киднапирана држава од неколку луѓе, криминалци здружени во злосторничко здружување кои ги интересираат само пари и ништо друго. Никаква идеологија, никаква евроатланска перспектива  или грижа за сопствениот народ и држава. – со овие зборови го започна своето обраќање Ленче Николовска на претходниот протест кој го оддржа ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА на градскиот плоштад во Кавадарци.

Николовска потенцира дека криминалци го уништија и македонскиот аграр, а од земјоделците направија поданици, уценети со субвенциите кои им следуваат со закон. Единствена грижа на Груевски и неговите функционери била злоупотребата на земјоделските субвенции, државната земјоделска земја и популарната програма 50-50, за свои луѓе и фирми.

Последниве 6 месеци, со влегувањето на опозицијата во Министерството за земјоделство,  со интензивната работа и истражуавање на криминалите и злоупотребите на функционерите на Груевски, ми се потврди фактот дека ова министерство е само параван на Никола Груевски за кражбата на земјоделските субвенции. Милиони евра завршувале во џебовите на луѓе и фирми блиски на власта, како Орце Камчев,  Кире Шошев, фирмите на Ѕинго,  раководители на подрачни единици, Илија Србиновски, или вашиот, Зоран Шалев, потоа пратеници како  Весна Пемова и нејзиниот сопруг, градоначалници како Трајче Апашот…сите тие прво добивале државна земјоделска земја која потоа ја пријавувале за субвенции. За вистинските земјоделци останувале трошки со кои очекувале да бидат задоволни и да молчат за да не им бидат и тие ускратени. – изјави Николовска.

Николовска покажа со прст и кон таканаречениот, самопрогласен и партиски лидер на кавадаречките земјоделци, Аризанов, велејќи дека оваа неправда што им се случувала, горенаведените функционери на Груевски ја јакнеле со таканаречените лидери како Аризанов, Тантаров, Шаклев, Милевски, Јаневски…сите тие биле соучесници во уништувањето на македонскиот аграр и земјоделците. Со нив еднаш за секогаш мора да се расчисти. Има Кавадарци домаќини луѓе, сериозни земјоделци кои можат и треба да ги претставуваат пред институциите на државата. Со такви, примерни претставници ќе соработува идната влада.

Оставете коментар