Лисиче и Трите Круши (афоризми)

Нивниот фејсбук -профил е со најдебел sид.

Очи ќе си извадат на фејсбук.

Специјален обвинител ќе биде обвинителка.

Најбрзо ќе падне ако го остават да продолжи да оде.

Што ако не изберат специјален обвинител? Никому ништо.

Прекинете со игри, им напишал во инбокс.

Не го враќајте времето напред. Не можеме без мрежа.

Ќе дојдат до заедничко решение за обвинител. Ќе најдат и прифатливо име.
Берлинскиот sид не падна. Го рушија.

Нашиот интелектуален крем го мачкаат на лепче.

Да го потврдиме референдумот за независност. Овој пат без право на сојуз со нашите.

Му фалеше гол. Пак го заеба Милан.

Зошто се краде по куќите, заради имање или немање пари?

За да бидете посебни станете обични.

Се усогласија. Не го сакаат специјалниот од Стамфорд бриџ.

Конечно дочекавме да ни гостува Партизан. Од Обршани.

Партијата се огради од оградата за бегалците.

Интелектуалците кои имаат цена се стока.

И држави со устав можат да бидат без карактер.

Ако странците не остават на мир ќе имаме војна.

Времето е генерално облачно со повремени паѓања на министри.

Заев заврши како Трајковски. Сите се прекрстија.

Едно Лисиче секој ден им ја пушта химната на децата.

Имал киселина. Јадел благо.

СДСМ им даде корпа на НВО. Беа побрзи.

Биле посветени на ЕУ и на НЕТО.

Скопје нека бара асли жена за татко.

Да не се изборите не би гласал.

Ме загрижуваат фудбалски натпревари како во Виена.Може некоја држава да умре.

Со тиквички здраво се слабее.

Друштвен е. Многу пие.

Бранко не е крив. Се фати на орото.

Оставете коментар