“Креактив Летен Камп” во Михајлово

Целта на Летниот Камп е да им помогне на младите од Кавадарци вештини и знаења кои ќе им помогнат за делување во нивната заедница и да ги подготви за нивниот професионален развој.Ова еко-образовен камп за младите девојки и момчиња.Кампери ќе бидат сместени во ново-реновираното одмаралиште во Михајлово и ќе учат за лидерство и тимска работа, родов развој, здрав начин на живеење, како и професионален развој. Младите подобро ќе знаат како да се биде лидер во нивните заедници, како да работат во тим и во рамките на една група, без разлика дали тоа е во една заедница или работна средина, да научат за начини за борба против дискриминацијата, да знаат како да имаат здрав живот и како да се грижат за нивните умови и тела и како да се подготват подобро за во професионалниот свет преку развој на проекти и управување, интервју вештини, креирање на биографија итн.

По завршувањето на кампот, ќе има можности за одредени заинтересирани кампери да го испрактикуваат своето знаење и да го продлабочат искуството преку развој на проекти низ сопствени работилници со поддршка од персоналот и волонтерите на Креактив. Исто така ќе има можности за камперите да волонтираат на различни места во Кавадарци и да се здобијат со некои нови искуства во професионалниот свет.Оваа можност не е облигаторна, но ќе биде достапна за заинтересираните.

Крајниот рок за аплицирање за учество е 06 август, а избраните учесници ќе бидат информирани до 10 август.
Ова е трет летен камп организиран од Младинскиот Центар Креактив и оваа година е наменет само за младите од Кавадарци и околните рурални подрачја, а е поддржан и финансиран од Мировен Корпус и УСАИД.
Право на учество имаат млади на возраст од 14 и 19 години, т.е. млади кои се во ученици во средно образование или штотуку завршено средно образование. 

Кампот е поддржан од: Мировниот корпус и УСАИД. Работен јазик за време на кампот е англиски. Повеќе информации директно во МЦ Креактив или на тел: 078 238 805.

 

Кога: 18-24 август 2013
Каде: Михајлово
Трошоци – бесплатно
Краен рок за пријавување: 6 август
Датум на селекција: 10 август
емаил: kavadarci@kreaktiv.mk
fb група: Kreaktiv SummerCamp
Може да се аплицира овде: www.flaturl.com/79R

 

Оставете коментар