Квантниот компјутер ќе го спаси светот

Овој суперкомпјутер извршува задачи 3600 пати побрзо од нормалните компјутери, а научниците се надеваат дека ќе можат да го користат за изнаоѓање нови лекови, за броба против климатските промени и подобра роботика.

Компаниите ќе имаат за цел да ги ослободат сите потенцијали на овој компјутер кој го направила канадската фирма D-Wave, а сега се наоѓа во истражувачкиот центар Ејмс во Калифорнија.

D-Wave One е развиен со помош на основачот на Амазон – Џеф Безос.

Google и NASA се сега сопственици и на D-Wave Two. Овие компјитери ги придвижуваат 128 – кјубитни процесори.

“Нормалните” компјутери се дигитални и користат битови за да пренесуваат инфоормации и да извршуваат задачи. Само за споредба, PC кој се наоѓа во просечните домаќинства го придвижува 32-битен или 64-битен процесор.

Битовите во модерните компјутери можат да бидат само во активна или неактивна состојба – што се запишува со единици или нули.

Кјубитовите, од друга страна, функционираат поинаку – можат да бидат активни, неактивни или во некоја средна состојба. Затоа кјубитовите можат да бидат на повеќе места во исто време, што значи дека задачите ги извршуваат побрзо и поефикасно. На пример, задачите кои нормален компјутер ги работи со години, квантниот компјутер ги завршува во рок од неколку секунди.

D-Wave работи слично како и човечкиот мозок, но без “човечки грешки”. Во август минатата годиниа, тим истражувачи од Универзитетот Хардвард го користеле овој компјутер за решавање на најголемиот проблем на свиткување на протеините. Протинското свиткување е сложен процес кој вклучува аминокиселини во организмот на живите суштества.

Google можеби ќе го користи за подобрување на реагирањето и развивање на брзини кај автомобилите со “автопилот” или за понатамошно развивање на Google Glass технологијата.

За да се тестираат границите на квантниот компјутер, Google и NASA отвориле Лабораторија за квантна вештачка интелегенција.

D-Wave компанијата моментално работи на Vesuvius квантен компјутер кој ќе се придвижува на 512 кјубитни процесори.

 

 

Оставете коментар