Скандал: Телевизиите КТВ и ТВ Тиквешија едни од многуте спонзори на ДПМНЕ

Иако овие два медиума меѓу граѓаните на општина Кавадарци и околината се декларираат како независни, сепак и тие се едни од многуте медиуми кои донираат кај “кралот”. Медиумите донирале кој колку може, па така, донациите во рекламно време заведени како услуги се движат од илјада па се до 250 илјади евра.

Најмногу донирала групацијата МПМ, издавач на дневните весници Дневник, Утрински и Вест, па следуваат националните телевизии Сител, Канал 5 и Алфа. Од локалните најмногу донирала Тера телевизија, а од радијата Сити радио. Во продолжение следува целосната листа подредена по вредност на донацијата.

 

МПМ (издавачот на Дневник, Утрински и Вест) – 252.843 евра

Сител ТВ – 161.364 евра

Канал 5 – 145.506 евра

Алфа Тв – 76.840 евра

Тера ТВ – 9.809 евра

Наша ТВ – 6.038 евра

Сити Радио – 5.754 евра

БТР – 5.215 евра

Ирис Штип – 4.414 евра

ТВ Стар Штип – 4.250 евра

ТВ Нова Куманово – 4.087 евра

КТВ 41 – 3.596 евра

Здравкин Велес – 3.376 евра

Визија Прилеп – 3.269 евра

Скај Радио – 3.008 евра

Интел Струмица – 2.942 евра

НТВ Охрид – 2.452 евра

Златен канал – 2.452 евра

Менада – 2.452 евра

Крт Куманово – 2.308 евра

ТВ Тиквешија – 2.288 евра

Шутел – 2.256 евра

ЕДО – 2.239 евра

ТВ Сонце – 1.961 евра

Свет Св. Николе – 1.634 евра

Кобра Радовиш – 1.634 евра

ТВ Кочани 1.634 евра

Канал 21 – 1.634 евра

Протел – 1.634 евра

Д1 Делчево – 1.634 евра

Метрополис радио – 1.634 евра

Боем Кичево – 1.443 евра

ТВ Амазон – 1.389 евра

Спектра Лабуништа – 1.389 евра

ТВ Морис Охрид – 1.307 евра

ВТВ Валандово – 1.144 евра

Нова ТВ Гевгелија – 1.005 евра

 

Според извештајот, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за реклами во изборната кампања потрошила 1.581.201 евра, пари кои во најголемиот дел се обезбедени од донации од медиумите наведени погоре.

За разлика од дарежливоста покажана кон владеачката коалиција, медиумите не биле расположени да донираат рекламно време за опозициската коалиција, или за другите партии, па така на донаторските листи на опозициската СДСМ и коалиција „Сојуз за иднината“ нема ниту еден медиум. Ист е случајот и со ДУИ и ДПА.

Опозициската коалиција „Сојуз за иднината“ за реклами потрошила 221 илјади евра, владеачката албанска партија ДУИ 350 илјади евра, а ДПА 8 илјади евра.

 

Оставете коментар