(ВИДЕО)Крвнички претепан Кавадарчанец, тепачот е таткото на актуелниот градоначалник Панов

Таткото на кавадаречкиот градоначалник крвнички претепал сограѓанин

Целото лице ми е модринки и белези. Најверојатно ќе треба да одам и на операција бидејќи ми е издаден и лекарскиот упат за во Скопје. Чекам уште лекарско да ми издадат и да можам да го дадам на суд. Вака сведочи Методи Милков од Кавадарци кој е крвнички претепан од страна на Перо Панов, татко на актуелниот градоначалник на Кавадарци, Александар Панов.

metodi_milkovНемилиот настан се случил во четвртокот 12. декември, некаде околу 18 часот на улицата “Илинденска” кога Методи Милков се упатил да присуствува на трибината на која гостуваше иницијативата “8-септември” а во организација на здружението на граѓани “ПРОЕКТ-ЕУ”. По пат бил пресретнат од таткото на актуелниот градоначалник кој му се заканувал велејќи дека ќе го снајде ќотек заради некогашни нерасчистени долгови. Притоа во вербална расправија Панов крвнички со рачката од пиштолот го ударил по главата, додека не прокрварил.Сведоците кои го оттргнале во меѓувреме велат дека доколку не биле тие, Панов можело и да изврши и убиство од прв степен.

На местото каде беше извршен овој злосторнички чин, може да се забележат свежите траг од крв кои.Случајот веднаш бил пријавен во полиција, а Милков изјави дека ќе земел и лекарски документи и ќе го тужи Панов.

Методи Милков и претходно на двапати добивал закани од тaткото на актуелниот градначалник дека наводно ќе го согазел со својот трактор.

Како едни од основачите на ВМРО-ДПМНЕ не само во Кавадарци туку на ниво на цела Македонија, фамилијата Милкови за МОЈОТГРАД сведочи и критикува како актуелниот градоначалник на Кавадарци Александар Панов откако седнал на градоначалничката фотеља постојано го раскарувал внатрепартискиот дух со цел да ги отстрани постарите членови на партијата.

Панче Милков, помладиот брат на Методи, вели дека на двапати добивал закани со пиштол од Перо Панов.И тоа во ист ден, пред градскиот плоштад. Добивал закани дека целата фамилија ќе му била “изрешетена” со пиштол.

Случајот е пријавен во МВР Кавадарци. Се чека на негово расветлување. Повеќе во ВИДЕОТО.

 

Видеото и фотографиите слободно може да се превземаат и споделуваат.

Оставете коментар