Ексклузивно: Кривична пријава за Кире Делов, поранешниот секретар на општина Кавадарци!

Кире Делов секретарот на општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со службена картичка точел бензин во приватен автомобил

Поранешниот секретар на општината Кире Делов доби кривична пријава за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Секретарот на општината се сомничи дека со општински пари си полнел гориво во приватното возило.

Кире Делов како секретар на општина Кавадарци во периодот од 2012 до 2016 година, спротивно на правните акти на општината, ја користел Верна картичката при набавка на нафтени деривати за патување, при што дел од горивото користел и за приватното возило, со што го оштетил буџетот на локалната самоуправа Кавадарци за 360.000 денари.