Крајот на оваа недела го означува завршувањето на бербата на грозје

 До крајот на оваа недела ќе заврши бербата на сортата смедеревка со што завршува бербата на грозјето. Најмногу потфрлување на приносите е забележано кај трпезните сорти со 65 отсто. Минатата година се набрале 3.5 милиони килограми трпезно грозје а оваа година само 1.3 милиони килограми.

Најдобар квалитет е остварен кај Шардонето, Бургундецот и Траминецот. Како најотпорна на обилните врнежи се покажа сортата Смедеревка. Најголемо потфрлување е регистрирано кај сортата Вранец и Ризлинг.

Оставете коментар