(Фото)Кошаркарската школа “Спортисимо” и ЗГ “Проект-ЕУ” во заедничка акција од проектот “Стоп за говорот на омраза”

Кошаркарската школа “Спортисимо” од Кавадарци денеска организираше кошаркарски турнир во баскет три-на-три како дефиле на изминатата 2013/2014 календарска кошаркарска година. Настанот се оддржа во спортската сала при основното училиште “Гоце Делчев” од Кавадарци.

На турнирот свое учество земаа десетина екипи од различна училишна возраст кои тренираат во оваа кошаркарска школа. Тренерскиот персонал од “Спортисимо” не го криеше своето задоволство од успешната работа со младите во текот на изминатата сезона. Во духот на натпреварите од овој турнир, кои поминаа во фер плеј атмосфера, на крајот за сите учесници имаше скромни награди.

Во овој настан свое учество зеде и здружението на граѓани “Проект-ЕУ”. За најдобрите две екипи поклонија неколку маички со мотото “Стоп за говор на омраза на спортските натпревари” како дел од проектот на УСАИД кој го реализираат во соработка со навивачката група “Лозари”.


Created with flickr slideshow.

Оставете коментар