Koрисни додатоци за Chrome

Better Search е функционален додаток кој ќе им заштеди време на оние кои сакаат да пребаруваат на интернет. Благодарение на Preview опцијата, резултатите може да се видат без отворање на нов таб, да се означат интересните, да се организираат по дадени траги и слично.
За оние кои користат Gmail, корисен додаток е Sortd Smart Skin. Станува збор за „козметика” на корисничкиот интерфејс, која би требало да ја зголеми продуктивноста со паметна организација на елементите.
Distraction Free YouTube е додадок кој ќе ги извлече корисниците од морето на непотребни работи на YouTube, како реклами, поврзани видеа и слично, а овозможува чиста и прегледна содржина.
Додатокот Dropbox for Gmail го олеснува споделувањето на датотеките преку Gmail.
За корисниците кои сакаат да ги имаат сите контакти на едно место, на пример од Facebook, LinkedIn, Gmail и Twitter, тука е Discoverly. За оние на кои им здосадило да бидат ограничени со бројот на знаци на одредени друштвени мрежи, а често сакаат да користат цитати, тука е Pollyquote.

Оставете коментар