Коњ врзан сред детско игралиште во Кавадарци!

Несовесен жител од општина Кавадарци врзал коњ на сред детско игралиште

Непристојните глетки кои ги сопнуваат граѓаните полека но со сигурност стануваат карактеристика за општина Кавадарци. Метеж во сообраќајот, непрописни паркирања, труење на кучиња…Долга е редицата, за жал.

Последно на низата (не)културни односно малограѓански настани е купиште измет од коњ врзан на детско игралиште кое се наоѓа на улицата “Блажо Алексов” во Кавадарци, непосредно таканаречените социјални зради до кејот на реката “Луда Мара”. Веднаш одспротива се наоѓа и објект на детската градинка “Рада Поцева” како и основното училиште “Тошо Велков – Пепето”.

Жителите од овој дел од градот по кој знае кој пат реагираат на ваквите немили настани но за жал на надлежните од поодамна им е оштетен слухот.

konj-igraliste3_800x445

konj-igraliste4_800x445