Кон што се движат студентските протести 2014 – И зошто те засега тоа?

 Секоја од споменатите мерки за штедење содржи потенцијал да стане епицентар на масовни протести. За сега сите надежи се во студентското прашање, кое на почетокот на оваа школска година, по тригодишна тишина, повторно стана актуелно. Поради големата борбеност и ентузијазам, како и поради се поагресивната улога и мултифункционалноста на високото образование во општеството, студентското организирање има најголем потенцијал да стане носител и обединувачки фактор на општо социјално незадоволство. Доколку во тоа не се успее, разочарувањето, за жал, ќе биде пропорционално на почетното восхитување.

За или против – болоњската реформа

Секоја есен власта се заканува со заострување на условите за упис во наредната година на студии во буџетскиот статус. Секоја година владее убедување дека владеачката партија калкулира со полноправниот отпор на студентската популација и дека тоа ја спречува во спроведување на болоњската реформа за студирање до крај. Реформата на студиските програми се протега како аргумент во прилог на апологијата на таквиот образовен систем: системот е конструиран соодветно и би функционирал добро доколку поените кои ги носи секој испит навистина го рефлектираат оптеретувањето и времето кое студентот треба да го вложи во подготовка на истиот.

Болоњската декларација начелно не подразбира финансиско искористување на студентите, но во интерпретација на неолибернала држава тоа секако е точно. Тоа впечатливо се гледа во најновите измени во областа на законодавството во високото школство, со кои власта решила дека конечно, во духот на консеквентното спроведување на сите резови, завршила со праксата на јавно финансирано високо образование, кое неколку децении постоело на просторот на Србија.

Во тој дух со новите законски одредби се намалува бројот на испитни рокови. Тоа сеуште може да се одбрани со објаснувањето дека на тој начин студентите и студентките се поттикнуваат што побрзо да ги полагаат испитите, па со тоа и побрзо да завршат факултет. Меѓутоа, со оглед дека Законот за измени и дополнувања на законот за високо образование предвидува укинување на можноста за финансирање од буџетот по истекот на четврта година студии, јасно е, со намалување на бројот на испитни рокови, за најголем дел од студентската популација неизбежно е плаќање барем на една академска година.

Дека станува збор за бескомпромисно нанесување штета на студентите јасно е уште од една одредба: студентите и студентките од генерацијата 2006 година добија рок од само неколку недели студиите да ги завршат или го губат правото на школување.

Партиските интриги и студентското самоорганизирање

Би било очекувано ваквата ситуација во високото образвонаие, особено во светло на обвинението за плагирање на докторските трудови на сметка на министерот за полиција Небојша Стефановиќ и градоначалникот на Белград Синиша Мали, да стане пресвртна точка за најголем академски бунт и солидарност внатре во јавниот сектор. Сепак, студентското движење денес се наоѓа во повеќекратна парадоксална ситуација и некој вид на непродуктивен конгломерат од различни политички струи.

Имено, за проблематичноста на новите услови за студирање сведочи и фактот дека на неколку страници на интернет и покренета иницијатива за повлекување на измените во законот, но дека самата содржина на барањата е крајно сиромашна, деполитизирана и апсолутно деградирачка во споредба со барањата со кои во 2006 и 2011 година студентите и студентките се спротивставија на неолиберализацијата на универзитетите и комодификацијата на знаењето и образованието. 

Од една страна, постои иницијатива на организацијата Студентски фронт, која зад паролите “Бесплатно образование” и “Ние сме студенти, не сме клиенти” всушност бара да не се намалува бројот на испитни рокови, право на финансирање од буџтетот и во продолжената, петта година од студирањето, иста буџетска квота, чие намалување исто така е предвидено, за мастер студиите, како и на студентите од уписната 2006 година да им се продолжи рокот за завршување на студиите.

Од другата страна на истиот медал од студентското самоорганизирање се наоѓаат и студентите од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград. И покрај врежаната перцепција на студентите на Филозофскиот факултет како виновник за прогресивните политички пракси, нивните барања се ориентирани партикуларно и истовремено се дефанзивни во однос на управата на Факултетот, па покажуваат слаба тенденција кон поврзувањето со восиокпколската проблематика на ниво на универзитет.

Анатемирањето на политичкиот активизам внатре во студентските движења на поединечните факултети, кои грчевито се држат до своите партикуларни барања адресирани на факултетските управи се јавува од стравот дека децидната политичка артикулација на стдентските протести истите ќе ги уништи. Таквото резонирање не е само наивно и неозбилно, туку претставува и имплицитно обмислување на концептот на студентско самоорганизирање. 

Студентите се преокупирани со настојувањето да не бидат етикетирани како левичари или комунисти. Оптеретени со тоа да ги остварат своите барања деструктивно верувајќи дека е тоа можно без “мепање во политика”, не гледаат дека политиката на владеачката партија веќе долга низа години слободно продира во сите сегменти на универзитетските агенди.

Протестот на студентите од Нишкиот универзитет, како комплементарен настан на оној од Белградскиот универзитет од почетокот имал позитивен одек и ветувал широка мобилизација на луѓето, како и поголем легитимитет за отворање на студентското прашање. На непријавениот, спонтан простестен марш на 1 октомври во Белград своето место го најде и транспарентот кој порачува: “Подршка на студентите во Ниш”.

Меѓутоа првобитниот ентузијазам остана во сенка на последните случувања, кои јасно сведочат дека во позадина на ударот од неолибералната држава врз студентите лежи и уште една пресметка на опозицијата со владечаката партија. Зад организацијата на протестот во Ниш стои Студентскиот парламент на Универзитетот во Ниш, кој е всупост огранок на СКОНУС, Студентска конференција на универзитетите во Србија. Нивните барања се уште помалубројни во однос на барањата на Студентскиот фронт, бидејќи го исклучуваат прашањето за буџетските квоти на мастер студиите.

Овие денови и во медиумите отворено се зборува за партиските книшки на членовите на поединечни студентски парламенти и СКОНУС, но дека станува збор за уште еден дуел на опозицијата и владечката, Српска напредна партија, сведочи изјавата на еден од предводниците на протестот во Ниш, во која известува за комуникацијата со “еден опозициски пратеник”, кој е спремен во собранието да ги брани интересите на студентите. 

Работата е јасна. Параноичното протерување на секоја политичка и идеолошка обоеност на студентските протести има повеќекратни, длабоко загриижувачки последици:

Најнапред, со тоа можноста за заеднички левичарски фронт со универзитетските професори и работници, наставниците, меѓу кои поради рестриктивното оданочување на платите владее големо незадоволство, кое ескалира во штрајк на просветните работници на почетокот на месецот, е абортирана. Адресатот на студентското незадоволство стана исклучиво една бројно ограничена популација.

Значи, ексклузивноста на студентските барања доведува до тривијализација на студентската борба, бидејќи таа неминовно се претвора во трка за бодови и рокови, и “буџетскиот колач”, па останува без подлабока социјална поетна. Пленумите и протестите, чии слики ги преплавија социјалните мрежи, и покрај ентузијазмот за самоорганизирање, се повеќе изгледаат како цел отколку како средство за борба. Бегањето од левичарската природа на барањата за достапноста на високото образование во корист на формулирање на барањата како чисто студентски е стратешки катастрофален потег.

На крај, апелите за аполитичност на студентското движење се погодни за политикантски сплетки, бидејќи го укинуваат политички артикулираниот отпор како контратежа на мерките за штедење.

Дека станува збор за чисто политички интриги на етаблираните опоненти во борбата за власт, меѓу Демократската и Српската напредни партија, сведочат уште неколку факти на кои треба да се осврнеме. Не така одамна во 2011 година, студентската борба ја подржа тогашниот лидер на опозицијата, а сегашен премиер. Искустата од блиското минато се уште побизарни: на јавната расправа по повод новите измени на Законот за високо образование претседателот на СКОНУС не го дигна гласот против новите измени. СКОНУС впечатливо молчеше со месеци за да, дури по смирување на интерните политички расправи по повод изборот на студент продекан, одеднаш одреагира известувајќи ги студентите за протестот неколку дена пред одржување на истиот, а одбивајќи своите сили да ги обедини со Студентскиот фронт, кој повика на демонстрации на 15 октомври.

Причини и цели – зошто студентите (не) се бунат?

Во темелите на апатијата и аполитичноста на студентите лежи тренд на претворање на универзитетите во неолиберални пазари, што всупност е една конкретна последица од воведувањето на болоњскиот систем. Во атмосферата не само за конкурентност за место на пазарот на труд, туку и за место во буџетот, особено имајќи во предвид дека е се поголем бројот на факултети кои вршат рангирање на студентите кои го оствариле лимитот за буџет, принципот на конкурентност доминира во однос на принципот на солидарност и социјална одговорност на студентите.

И покрај повеќегодипната традиција на бесплатно високо образование, болоњскиот систем на студирање истовремено послужи и како оправдување на неолибералната држава да не вложува во непрофитниот сектор и како средство за интензивен продор на неолибералната идеологија, благодарение на што стекнатото знаење односно факултетската диплома навистина се сфатени како стока која се трампа за одредена позиција на пазарот на труд. Логично е да во таква економска и идеолошка клима студентите не го препознаваат ни високото школство како јавно добро и извесен социјален мотор а ниту себе како релевантен политички субјект. 

Со тоа сме на трага на најголемиот парадокс на тековната студентска борба: протестирајќи само против површните реперкусии на примена на пазарните принципи врз високото образование, а не за негова достапност и валидност, студентите не се во состојба да се фатат за суштината на проблемот. Така и меѓу студентите се почесто се слуша ставот дека е најдобро решение е доследно да се спроведуваат болоњските реформи. Тоа би значело парцијализација на испитите и новно полагање по пат на колоквиуми, со што полагањето на поголем број испити низ помалку испитни рокови би станало остварливо. Таквото разбирање на студентското прашање се сведува на перспектива од која поврзувањето со остатокот од загрозениот јавен сектор може да стане жариште на сериозни социјални немири.

Студентската борба може да се легитимира, афирмира и да добие на значење единствено во рамките на поширока лева борба против неолибералните напади на непрофитниот сектор т.е. против претворањето на јавните добра во класни привилегии. Се уште не е доцна да се завземе ваков курс, бидејќи условите за живот од година во година драстично опаѓаат, а мерките за штедење го земаат својот данок. Суштината, но и судбината на студенткото движење во 2014 зависи од тоа дели мнозинството ќе одлучи да оди понатаму од официјалните студентски претставници и да се прошири борбата на нови полиња. Одлучната борба во име на јавното добро во вакви времиња на многумина би му дала надеж и верба да со колективни сили се дојде до промени во земјата. Таква надеж и верба одамна немале. 

 

 

Извор: marks21.info

Превод: Попова

 

 

Оставете коментар