Комерцијална банка со донација за Црвен Крст Кавадарци

Оваа донација е во рамките на кампањата за борба против гладта која траеше до 22-ри октомври. Вработените во Комерцијална Банка доброволно според своите можности собрале финансии од кои подготвиле 35 пакети со основни прехрамбени продукти.

Од Црвен Крст велат дека овие средства секогаш се наменети за најранливите категории. 

Хуманитарните пакети беа доставени до дневниот центар за лицата со посебни потреби и до посебните паралелки при “ООУ Страшо Пинџур” Кавадарци.

Оставете коментар