Koј не е како нас, против нас е

Еднообразноста во општеството е можна под претпоставка сите општествени единки да имаат и иста психо – физичка основа, т.е. биолошки да се идентични и психички истоветно да се условени, или уште попрецизно, генетскиот код кај сите да е идентичен или минимално да варира, како и сите да имаат иста рамка на психички доживувања. Еднообразна би била онаа група на луѓе која освен што дели исти или многу слични физички карактеристики, сака, мрази, се плаши, почитува или презира идентични работи.
Не ви звучи ли ова познато? Зарем оваа еднообразност веќе не се манифестирала како нацистички план на истребување на се што ја загрозува ‘расата’? Исто така, зарем оваа слика не била инспирација за многумина уметнички да се позанимаваат со крајните последици од идеата за тоталитаризам, особено откако Хитлер докажал дека оваа избезумена идеа навистина може да зарази милиони.

Нацизмот ни покажа како идеата набљудувана интелигентно од аспект на науката се покажува како нормална, т.е. како насилна во однос на природата, во рацете на идеологот станува освен самоодржлива, исто така и посакувана и способна да се наметне како ‘природна’. И додека науката знае и докажува дека генетските мутации и варијации се основа на еволуцијата, идеологијата тежи да ги прогласи за ненормалности.

Да погледнеме малку повнимателно што е ‘нормално’ во нацизмот, а што важи и за сите други облици на фашизам, т.е. тоталитаризам.

Што гледаме тука? Слика на светот со кој владеат ‘виши луѓе’ генетски предодредени за светол пат, со коса и очи каде секое отстапување од рецесивниот ген, се сфаќа како расна нечистотија, т.е. како одреден степен на ненормалност.

Нацизмот знаел дека проектирањето на идеалот за расата во иднина е неопходно (како всушност што секоја идеологија калкулира со иднината која секогаш и е најдобар соработник). Зошто во иднина? Бидејќи дури со темелно програмиран ум, воспитување и пропаганда која од најраната фаза на животот ќе започне да ја формира свеста на човекот, може да се калкулира со нешто што би било – идентична психичка условеност. Ова е можно да се оствари само во општество кое не дозволува алтернатива, во кое сите мораат да ги делат истите идеали, симболи, желби и вредности.

Сликата не е воопшто пријатна, ниту природна.

Интересно е дека иднината која генетиката ја предвидува за расната еднообразност не е светла. Иако тоталитарните идеологии, како што правеше и нацизмот, се повикуваат на науката и технолошкиот, техничкиот и медицинскиот напредок, тие за науката го избираат исклучиво она што служи за нивниот интерес. Генетиката на пример, знае дека поголем степен на развиеност и комплексност треба да се очекува од мешање на два оддалечени генотипи, а не два блиски како што сака расизмот. Нацизмот како екстремен облик на национализам поради тоа секогаш се движи кон инцест.

Не е случајно што некои од најконтраверзните и најтрадиционалните општества се многу толерантни кога станува збор за инцест. Инцестот е секогаш присутен и раширен во затворените заедници, само е помалку или повеќе видлив и прифатлив.

Фашизмот генерално е опседнат со физичката моќ и доминацијата. Тој сака да покори, потчини и да ги заузда природните импулси. Тој мора да биде фокусиран на фиизичкото бидејќи баш физичкото мора да го истакне како свое знаме. Обележјето за припадноста и еднообразноста се изразува низ материјалното кое станува знак. Тоа е знак на распознавање, впечатлив и контролиран како и се друго во фашизмот. Оваа опседнатост со идеата за контрола на природата е содржана во идеата за технолошки прогрес на цивилизацијата, кој често е спротивен со духовниот развој (всушност се поевидентно е дека баш прогресот воден од желбата за доминација е причина за духовното назадување).

Фаѓизмот како ‘нормално’ го воспоставува она што е тој. Нормално повеќе не е она што под тој поим се подразбира во науката – просек или просечни вредности. Нормално станува она што себе се доживува како меродавно, како единствено прифатливо, додека всушност се доживува како натпросечно.

Така во нацизмот дадена раса или генетски тип го укинува правото на физичка различност. Со оглед дека нормалното во фашизмот е секогаш натпросечно, т.е. подобро од другите, тоа нормално е очигледно предимензионирано. Генетскиот тип станува расадник за сила, убавина, талент, плодност, со еден збор – на посебноста.

Честите митови во тоталитарните заедници се оние за поголема убавина и сила во однос на сите други народи, за впечатливата машкост на типичниот маж на нацијата од една страна, и особената женственост на нивните жени од друга страна.

Додека тие чувства кај многу народи често се дел од чувствата за национална гордост или склоноста на сите нации некритички да се однесуваат према себе, во општествата кои се навалуваат кон тоталитаризмот тие стануваат опсесија. Карактеристиките загарантирани со одредениот генетски тип стануваат неприкосновени вредности. Генот станува атрибут на самата боженственост на нацијата со кој се покрива нацизмот во фантастичната и ирационална одора на митот.

Тоталитарната идеологија секогаш тежнее да постигне контрола и над историските наследства и митот, било со негово целосно укинување, било со интерпретации кои стануваат недокажливи, а со самото тоа и непобијни, ‘факти’ за боженственоста на нацијата.

Многу едноставно е зошто фашизмот е особено чувствителен на хомосексуалноста и зошто е агресивен према истата.освен рационалниот страв од казна и отфрлувањето кое сексуалноста во авторитарните општества ги буди, хомосексуалноста буди и бес поради атакот врз ‘нормалноста’ на нацијата. Таа ‘нормалност’ која нацијата ја доживува како посебност, е суштината за зачувување на расата (секогаш загрозена од нешто), а хомосексуалноста и ги разнишува темелите.

Десничарските општества често се одликуваат и со целосно занемарување на сите оние кои отстапуваат од ‘нормалноста’. Инвалидите, луѓето со вродени или стекната маани, со посебно потреби или се општествени маргини и не ретко постои само минимум цивилизациска свест која ќе ги спаси од целосно занемарување дури и сегрегација. Но психолошката сегрегација и дискриминација на луѓето со посебни потреби во десничарските општества е секогаш јака. На нив се гледа од бездушна ‘висина’ без оглед на нивните духовни и интелектуални предности кои во однос на ‘нормалата’ можат да ги имаат.

Конзервативната, десничарска свест не трпи слабост, додека до некаде е толерантна на различноста. Тоталитаризмот, меѓутоа, било на левицата, или десницата, не трпи никакви различности. И додека девизата “кој не е со нас, е против нас” се однесува на секоја заедница обединета во поголем или помал број заеднички интереси, во тоталитаризмот важи нешто друго. Тој бара еднообразност по принципот – “кој не е како нас, против нас е”.
 

 

 

Извор: akuzativ.com

Превод: Попова

Оставете коментар