Кои тајни ги кријат жените?

Барем еднаш помислуваат на некоја поранешна љубов

Иако не патат за некои мали работи, жените обожаваат да чуваат спомени. Па, така некаде далеку од љубопитното око на својот партнер чуваат по некое љубовно писмо, романтична порака или пак подарок од поранешното момче. На тој начин се потсетуваат каде биле некогаш, а каде се сега.

По малку го мразат партнерот

Зошто јас сум жена, а ти маж? Секоја жена барем еднаш во живот го „мрази“ машкиот род поради тоа што има поголема слобода во однесувањето, најчесто ги добива раководните функции во компаниите и никогаш нема да се пораѓа.

Те имам на радар!

Ретки се оние дами никогаш не го погледнале телефонот на својот сакан или пак „случајно“ не се распрашувале за неговата приватност. Љубопитноста е слаба страна на жените.

Тајната на долгото туширање

Се прашувате зошто нејзиното туширање понекогаш трае и повеќе од еден час? Одговорот е во нејзината потреба да избега од секојдневието преполно со обврски како грижа за децата, напорна работа, подготовка на ручекот и слично.

Нокаут фаза

Вашата партнерка изгледа како најмилото суштество на светот. Но, таа нежна, мила жена за секунда ќе се претвори во вистински ѕвер кога ќе биде испровоцирана од друга жена без разлика дали тоа е вашата мајка, сестра или пак блиска пријателка.

Шопингот е обврска

Мажите најчесто одат и купуваат нешта затоа што мораат додека за жените шопингот е цела филозофија. Тоа е обврска исто како и купувањето леб и млеко, па затоа не мешајте им се во „работата“.

И жените знаат да бидат ужасни

Можеби нема да го чепкаат носот пред вас и нема да си дозволат да испуштаат гасови, но дамите понекогаш и не се толкави дами колку што претпоставувате.

Влијанието на романтичните филмови

Врската помеѓу жените и романтичните филмови е нераскинлива. Секогаш постои некое реално очекување кое е базирано на романтичен филм.

Лажат дека не гледаат порно

Зошто? Бидејќи гледањето порно најчесто подразбира и самозадоволување, а ретко која жена ќе признае дека го прави тоа.

 

 

Оставете коментар