Kога нема леб – луѓето се хранат со национализам

Душан Кецмановиќ е роден во Белград 1942 година, а се школувал во Сараево, каде до 1992 година бил редовен професор по психијатрија и политичка психологија на сараевскиот Универзитет. Кецмановиќ е член на Академијата за наука и уметност на Босна и Херцеговина од 1991 година, автор е на 24 книги, од кои три се објавени и во САД.
Последните децении се занимава со анализа на национализмот и етницитетот, а неколку книги од таа област се објавени во Библиотеката XX век. Неговите дела се цитирани на преку 800 места во книги и списанија на англиски, германски, француски, руски, турски, шпански, чешки, словачки, македонски, албански, кинески (мандарин) и полски јазик. Од 1993 година живее во Сиднеј и работи во приватна психијатриска пракса.
Во ова интервју зборува за причините за војната во деведесетите, етнонационализмот и односот меѓу личниот и колективниот идентитет.
* Зошто етнонационализмот, од деведесетите па наваму, стана толку важен на овие простори ? Дали тој стана најбитен фактор во поделбата која следеше, а понатаму и причина за војните?

Етнонационализмот е една од најбитните причини и последици за војната која ја спомнувате. Не единствена, но сигурно една од најбитните. Етнонационализмот беше истовремено и инструмент за разбивање на Југославија. Тој беше погонско гориво за придвижување и одвивање на војната. Од етнонационализмот нема поефикасно средство за разбивање на една етнонационална заедница, и за продолжување, кога војната ќе престане, ако не на отворени сукоби, тогаш секако на омраза и и осомничување на припадници на поедини народи кои војувале еден против друг. Оние кои се ставиле на чело на “побунетите народи” го знаеа тоа многу добро. Тоа исто така добро го знаат и оние на кои, поради различни интереси и потреби, не им е грижа дали воените секири ќе се закопаат длабоко. 

* Како да се одбраниме од бранот на етнонационализам кој, веќе дваесет години кој не удира? Постои ли излез?

Хенри Кисинџер некаде на почетокот на балканските војни во деведесетите години рече дека нема да има целосен и стабилен мир на Балканот се додека на етничка основа не се воспостават граници на заедниците, граници на државите на Балканот. Можеме со тоа Кисинџерово мислење да се сложиме или да не се сложиме, но развојот на настаните во Западен Балкан од почетокот на деведесетите до денес покажува дека Кисиџер, како претставник на таканаречената реална политика, беше секогаш во право. А дека тоа не е случај само на Балканот зборуваат и неодамнешните изјави на Ангела Меркел и Дејвид Камерун дека проектот на мултикултурна заедница не беше успешен во Германија и Англија.

За таква состојба “на терен” има многу причини. Пораснатата самосвест и гордост на етнонационалните групи во поголемите државни целини – било како резултат на глобални гео – политички движења на светската сцена, било како резултат на антагонизирањето на припадниците на поедини вери, религиозни погледи кон светот, било како резултат на незадоволствата од политиката која ја водат оние кои потекнуваат од припадниците на најмногубројните народни во дадената држава – сигурно е еден од многу битните. 

* Може ли во клима на поделеност помеѓу ентитетите во Босна, неразбирање и недијалог, да се одвива “нормална” интеракција?

Не може. Тоа е Квака – 22. Нема дијалог се додека трае поделеноста и отворениот антагонизам помеѓу ентитетите во БИХ. Од друга страна, без дијалог нема смалување на взаемната омраза. Се прашувам, како да се случи дијалог помеѓу ентитетите, да не речам приближување на два ентитета во БИХ, кога деноноќно во весниците и електронските медиуми на еден ентитет со најлоши имиња се нарекува човекот кој е на чело со другиот ентитет, кој е легално и легитимно избран од страна на гласачите на ентитетот на чие чело се наоѓа?

* Зошто кај нас упорно се поттикнуваат разликите? Разликите се наоѓаат во нацијата, религијата, етницитетот, јазикот, книжевноста, културата, митовите, историјата. Зарем тоа се не се “нарцизми на малите разлики”?

Секако дека се. Таму каде (сеуште) е моќен духот на етнинационализмот, малите разлики на сите можни начини се зголемуваат, а оние кои не постојат се измислуваат за да се покажеме поразлично одошто сме.

* Вие во своите книги пишувате дека новото време донело промени во однесувањето на луѓето, тие одеднаш станале агресивни и непријателски расположени према другите нации. Таквата состојба се потенцира со реченицата: “Болни не сме, здрави уште помалку”. Како да се излезе од тој круг? Гледате ли крај во тоа негативно расположение?

Завршувањето на воените судири, минувањето на времето, воспоставувањето економски, политички, културни, туристички врски несомнено направија многу за намалувањето на тензиите меѓу народите на западен Балкан. Таквите врски треба да продолжиме да ги развиваме. Не е добро кога напорите во таа смисла се резултат на притисокот на “надворешниот фактор” или кога се инструмент за постигнување на некој одредена национален цел. Сакам да кажам дека би било подобро воспоставувањето и јакнењето на споменатите врски да е природен, спонтан процес, израз на потребите на припаднците на поедини народи.

* Се уште во дискурзите на политичарите како најважна се истакнува темата за нацијата, а прашањата за економијата, стопанството, вработеноста . . . се занемаруваат. Каде е прагот на толеранција на граѓаните, бидејќи сепак идеата за нација не може да не нахрани?

Се додека трае взаемното антагонизирање на припадниците на најбројните народи, прагот на толеранција на граѓаните на се лошо што им се случува е многу висок. Кога нема леб, луѓето сосема добро се хранат со етнонационализам. Кога ќе им се претстави или кога сами себе ќе си претстават дека треба да бираат меѓу, од една страна слобода, национална гордост, сочувување на етнонационалниот идентитет, и угодниот живот кој подразбира и полн стомак, од друга страна, луѓето во голем број случаи се одлучуваат за првата опција. Толку се моќни, сакам да кажам на луѓето им се важни величините кои вклучуваат избор на првата опција. 

* На кој начин е можно да се изгради личен идентитет, а да не е оптеретен од колективните идеи на нацијата, етникумот и религијата?

Личниот идентитет вклучува и колективен и етнички и религиозен идентитет. Сите тие идентитети меѓусебно се дополнуваат, еден подржува друг и го зајакнува. Не можам да замислам личен идентитет кој би бил лишен од наведените идентитети или идентификациони компоненти. Друга работа е кога личниот идентитет просто исчезнува под националниот или религиозниот. Такво нешто е опасно, и тоа е она што се случува во етнички времиња, како што ги нареков етнонационалистички времиња.
* Зошто влијанието на религијата кај нас стана толку битно? Градовите станаа полни со луѓе кои се неспремни на комуникација со другите и кои едноставно не ги слушаат другите?

Етнонационалниот идентитет е тесно поврзан со религиозниот идентитет. Овие две практично се изедначуваат. Во мера во која на луѓето им дојде до плачење или, ако сакате, до преголемо нагласување на својот етнонационален идентитет, во мера во која чувствуваат потрева тоа да го прават, ним им е многу важно на сите можни начини да ја истакнат својата религиозна посебност. Продирањето на богомолите е еден од начините тоа да се направи, да се постигне. Климата на живиот антагонизам и понатамошно антагонизирање меѓу припадниците на најголемите народи на балканот ќе донесе подигање на се повеќе нови и нови богомоли. Припадниците на наречените народи ќе продолжат да се натпреваруваат во тоа кој ќе подигне поголем, повпечатлив богомол, кој ќе има поголем број надворешни обележја на сопствениот религиозен а со тоа и етнонационален идентитет.

* Младите луѓе во таканаречените херои од војната наоаѓаат пример, растат и се социјализираат во рамките на црквата и националистички политики, читаат и такви весници. Што очекувате од генерациите кои доаѓаат?

И младите и старите во голем број даваат предност на оние, така да ги наречам, средства за информирање во кои можат да најдат “вести” за тоа како оние од спротивната страна на етнонационалната ограда се никакви, подли, агресивни, злонамерни. Со читањето на таквите весници и гледањето на такви телевизиски емисии добиваат потврда за своите етнонационалистички убедувања и идеи. Им се покажува дека биле и дека се и ден денес во правио за тоа дека “ние” сме подобри од “нив”. Ништо добро не може да се очекува од младата генерација која расте, израснува со такви верувања, со такви убедувања.
* И за крај, можеме ли да зборуваме за колективна болест на луѓето на овие простори? И полсе толку години од завршувањето на војната ние не одиме напрад, застанати сме во времето на националистичките приказни и се уште тука стоиме.
Колективна психичка болест не постои. Колективитетот не може да биде болен. И иако на некои луѓе етнонационализмот им изгледа како да е болест, етнонационализмот не е болест. Тој е историски, социјален, психолошки феномен, кој има многу карактеристики на т.н. “групен менталитет”. А превласта на групата над поединецот е една од основните карактеристики на групниот менталитет.

 

 

Превод: К.Попова

 

Оставете коментар