Книжевни класици кои биле цензурирани

Џејмс Џојс – “Уликс”

Најпознатото дело на ирскиот писател е објавено во Париз 1922 година, а повеќе од десет години било забрането во САД, Канада, Англија и Ирска поради обвинувањата за неморалност на книгата. Спорен бил делот во кој била прикажана мастурбација, како и делот во кој Пенелопа сликовито го опишува половиот однос. Книгите биле одземани и спалувани, а нивното издавање е дозволено дури во 1933 година во САД, односно 1936 година во Англија.

Густав Флобер – “Госпоѓа Бовари”

Флобер во погрешно време го напишал своето најпознато дело – за судот во Париз темата за истрошениот брак очигледно била прекомплицирана па ја забрнил книгата поради повреди на јавниот морал во далечната 1857 година. Оваа пресуда била брзо поништена, но книгата останала контраверзна. Во 1864 година, била вбројана во ватиканската листа на забранети книги (Index Librorum Prohibitorum) а американската Организација за пристојна книжевност (National Organization of Decent Literature) ја ставила на својата црна листа скоро 100 години подоцна (во 1954 година).

Грејс Металиус “Гратчето Пејотн”

Набрзо откако е напишана, оваа книга е прогласена за ‘ѓубре’, во некои градови во САД била забранета. Канада ја карактетизирала оваа книга како непристојна, а во Њу Хемшир, каде дејствието на книгата е сместено, се сметала за целосно понижување на вкусовите. И покрај овие критики, книгата веќе во првите неколку месеци станала бестселер, а во првата година од издавањето The New York Times ја прогласил за најпродавана книга на годината.

Чарлс Дарвин “Потеклото на видовите”

Ова дело, кое со годините станувало се позначајно на полето на науката, и денес предизвикува контраверзии, особено во религиозните кругови, а во времето кога е издадено, 1859 година, било забрането во книжарниците на Универизтетот Тринити во Кембриџ. Државата Тенеси забранила проучување на Дарвиновата еволуциона еорија во 1925 година, а тој закон останал на сила се до 1967 година. Книгата била забранета и на балканските простори (1935 година) како и на територијата на Грција.

Луис Керол “Алиса во земјата на чудата”

Оваа, на изглед невина приказна за деца и не е така невина. Барем не за Кинезите. Имено, книгата била забранета во Кина во 1931 година, верувале или не, поради животните кои зборуваат. За кинезите ова било неприфатливо, дури биле и против тоа луѓето и животните да се изедначуваат, што е целата поента на овој роман. Забраната ни малку не им сметала и книагата станала глобално успешна, а доживеала и голем број филмски адаптации.

Чарлс Бауделеир “Цветови на злото”

Збирката песни на големите поети од 19-тиот век исто така се нашла на удар на цензурата – самиот автор и неговиот издавач биле обвинети за повреда на јавната пристојност, па дури и казнети. Шест песни (Скапоцени камења, Лета, На онаа која е премногу симпатилна, Лезбос, Проклети жени и Метаморфози на вампирот) биле забранети бидејќи биле сметани за премногу радикални за издавање, а подоцна биле објавени под насловот “Les Espaves” во Белгија. Критиката можеби не го сакала Бауделеир, но неговите дела ги ценеле неговите колеги книжевници, а Густав Флобер, и сам соочен со цензура, му напишал писмо за подршка. Забраната на овие дела е укината дури 1949 година, кога Беуделеир бил рехабилитиран како книжевник. 

Емил Зола “Герминал”

Ова дело Зола го темелел на истражување кое сам го спровел во рудниците за јаглен, но се нашло удар на десно ориентираните политички партии кои го сметале за повик за револуција. Делото било и на ватиканската листа на забранети книги од 1894 до 1898 година како книга која на католиците им била забранета за читање. 

Волтер “Кандид” (Оптимизам)

Скоро двеста години откако е напишан овој класик прогласен е за непристоен според американските обичаи па во 1929 и 1930 година се запленети сите копии на Харвард, а и ватиканската листа на забранети книги била проширена за уште еден класик на светската книжевност. На Ватикан му сметал фактот што Волтер бил нихилист кој не преферирал организирана религија па, како и другите големи дела во тоа време, го ставиле на својата листа и со тоа ја осигурале неговата непопуларност. Барем на кратко. 

Овидиј “Уметноста на љубовта”

Големиот поет од времето на стариот Рим бил цензуриран дури три пати, и тоа во период од скоро 2000 години. Првата цензура ја искусил уште додека бил жив, кога царот Август ги забранил неговите дела, меѓу останатите и ова дело, а Оводиј го протерал од Рим. Втората цензура се случила по 1500 години, кога италијанскиот свештеник Савонарола во Фиренца 1479 година на голема клада спалил многу работи кои не биле соодветни за јавноста бидејќи поттикнувале грев и неморал (биле спалувани разни работи, козметика и книги). Третиот обид се случил во 1928 година, кога “Уметноста на љубовта” била забранета за да не би го нарушувала јавниот морал, како и “Кандид” на Волтер.

Марк Твен “Патешествијата на Том Соер”

И овој детски роман се соочил со забрани неколки пати од своето издавање во 1876 година. Прво го забранила јавната книжарница во Бруклин поради карактерот на главниот јунак во романот, потоа имало обвинениа дека користи расистички речник, во 1930 година не смеело да биде увезено на подрачјето на СССР, а бразилската влада го забранила во 1937 година во склоп на акцијата за уништување на делата кои биле сметани за комунистички и субверзивни.

 

 

Оставете коментар