(ВИДЕО) Китев: “За две недели ќе славиме голема победа!”

Силата на парите е немоќна пред силата на правдата и чесноста, ќе славиме голема победа

Почитувани сограѓани, благодарам за целата енергија и жар во оваа кампања. Покажавме дека силата на парите е немоќна пред силата на правдата и чесноста. Убедливата победа низ цела Македонија ќе ја крунисаме со победа и во Кавадарци. Веќе имаме мнозинство во Советот, таа предност ќе ја заокружиме со победа и за градоначалник.

За две недели Кавадарци ќе слави голема победа на животот. Трендовите се јасни и недвосмислени. Граѓаните сакаат промени. Промената на локалната власт во Кавадарци ќе ја заокружиме во вториот круг и со избор на градоначалник од редовите на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, изјави Китев.