Ќе ве критикувам гласно!!!

пишува Томе Христов

Ќе ве критикувам многу бидејќи вие ми давате за право со вашата лоша игра на ЕП во Полска. А имам право да ве напаѓам, како што ве бодрам и ви се радувам кога играте добро. За жал на ова првенство играте очајно лошо. Живеам за деновите  кога се случува некое големо спортско натпреварување во кое нашата репрезентација учествува. Претходно сите му се радуваме на денот кога ќе го гледаме првиот натпревар и со исчекување да се повтори моментот, кога сите на цел глас се радувавме заедно со кошаркарите пред екраните, по улиците и на плоштадите ширум државата.

Така и овој пат, сите живееме за ракометот и нашите црвено-жолти херои кои треба да дадат се од себе, а ние да ги бодриме и да биде горди на нивниот успех кој впрочем е заедничка радост и гордост на целата држава.

ЕП во Полска беше нашата нова прилика за такво нешто. Пред стартот на ова првенство влеговме без премногу еуфорија, со што на некој начин и самите ракометари тргнаа без некаков дополнителен багаж, со што би ги оптоварил.  Првиот натпревар со трикратниот шампион и веднаш не зафати македонскиот синдром на немање самодоверба. Уште пред да почне го предадовме, бидејќи нели знаеме дека се послилни. Но се покажавме во светло што можеби требаше  да не мотивира и да не охрабри дека можеме на терен со секој.  Во вториот натпревар со Полска  пред самиот старт повторно изјавите и на ракометарите и на јавноста  беа  дека ние сме оние кои можеби ќе го изненади домаќинот.  Нели домаќин па сите треба да се со него и вообичаено веќе навикнати сме на фактот, судиите да бидат на нивна страна. Тоа се нашите калкулации наместо тактика за победа. Повторно изгубивме, а коментарите беа дека иако изгубивме сепак  добро изигравме.

Незнам до кога ќе се носиме со тој лузерски синдром, дека кога губиме добро сме изиграле. Што е добивката од тоа? Ништо само уште еден изгубен натпревар. Барем да беше  мотивирачки за третиот натпревар за кој уште пред да тргнеме во Краков, очекувавме дека тој ќе биде одлучувачкиот.

Но тоа е македонската работа, учество а не победа.  Зошто тогаш не ги предадовме „службено“ претходните два натпревари, барем ќе беа одморени, а не во дуелот со Србија  нашите црвено – жолти херои да играт како полжави. За среќа на сите, гол разликата ги однесе понатаму и не остави сите нас да се надеваме дека во следната фаза, ќе имаме прилика да се израдуваме на првата победа и дека натпреварот со Србија беше само лош ден. Лошото и очајно издание ќе го заборавиме.

Во такви моменти вообичаено нашите спортски аналитичари и голем дел од јавноста не сакат да ги напаѓаат ракометарите и кога губат, бидејќи нели и тие сакале да победат.  Јас сметам дека треба да се критикуваат и тоа многу, за да се свестат дека не треба да се оди само колку да се учествува. Нашиот табор оди со претходни анализи кој од трите натпревари во првата фаза да се добие за да се пласираат понатаму. Никогаш целта не е освојување на медал или највисок можен пласман.  Не го кажувам тоа ради реда, сметам дека со таква екипа која долги години игра заедно, со врвни професионалци, да не раазмислуваш така е многу очајно. Со Лазаров бренд во светскиот ракомет и Борко кој го доби епитетот Министер за одбрана од претходното натпреварување,  треба да се влегува во секој натпревар самоуверено кон секој противник, со една и единствена цел, а тоа е само победа и ништо друго.

За жал до сега на ова првенство во најголем дел ЕПИТЕТОТ на ракометарите е СТАТИСТИ, а приматот ќе му го доделиме на Министерот Борко.

Убава надеж дава младиот Кузмановски кој не изненади сите со добрата и храбра игра, но за жал со мала минутажа. Селекторот Обврван треба да  знае дека најголемите критики се насочени токму кон него, поради слабата тактика што ја понуди  и тоа за што сме сведоци до сега.

Но повторно сите среќни зошто нели се пласиравме во најдобрите 12, иако поминавме со два порази и еден нерешен резултат. Значи се уште без победа.

Дојде ред и за првиот натпревар во втората фаза со Хрватска. Повторно истата песна, тие се фаворитот ние ќе ја чекаме шансата со Белорусиија за единствената победа на првенството. Но за момент сите по малку се надевавме дека со Србија беше само лош ден. Како почна натпреварот бевме сведоци дека со Србија сме играле можеби и добро, зошто Хрватите на терен си играа како со мали деца. Ние само што почнавме се предадовме, дури и не почнавме. Лазаров проба неколку пати не бидна ништо, Борко си го зеде епитетот статист на голот  уште на почеток и повторно очајната слика ја корегираше Манасков и младиот Кузмановски. Обрван не знаеше што го снајде, а исто така не знаеше и што да каже или пак нешто да промени.

Остануваат уште два натпревари со Норвешка и Белорусија. Деновиве ќе прочитаме со сигурност дека не треба да ги осудуваме  ракометарите со негативни критиките бидејќи нели тие даваат на терен се од себе, а со тоа придонесуваме уште повеќе за лоша атмосфера, пред следниот натпревар. Извинете ако е ова се од вас, тогаш бујрум назад и отстапете место на други. Нека осетат младите ракометари за што побрзо почнеме да им се радуваме.  Доста ни е од вас да гледаме како давате се од себе, се изнагледавме овие денови, за жал и вие се изнагледавте наместо да играте, а ние да ви се радуваме.

Се додека стоите и незнаете што со себе ќе ве критикуваме глсано. Кога ќе заиграте ќе ве бодриме и ќе ви се радуваме уште погласно. Ќе бидеме со вас и во наредните два дена да видиме со каква муниција ќе излезете бидејќи капитенот ни најави дека се уште имате муниција. Останува да ни покажете и докажете на сите нас и на оние кои допатуваа во Краков да ви дадат директна подршка дека можете.

Извор 24Струмица

Оставете коментар