Интервју – Љубомир Фрчкоски: Ќе ги користиме сите демократски механизми во борбата за слобода

Ненад Јовановиќ: На почеток, што всушност се случува во Македонија, прашање кое ми се чини е од суштинска важност во денешниот политички миг? Имаме сериозни, стравични проблеми со економијата. Имаме застанување, или умртвување на „евроатланските интеграции“ за кои Владата знае дека целата приказна со Европа споро оди, а сепак, ми се чини, дека знаат и дека нешто ново мора да понудат, а ново освен сопствениот поглед кон папокот, не гледам дека имаат. Единствено што гледам дека немаат ниту надеж да понудат. Па да се вратиме погоре: Што всушност се случува?

 

Љубомир Фрчкоски: Ситуацијата во која навлезе Македонија во 20-тите години на транзицијата кон демократија – е ДЕВОЛУЦИЈА – остар свиок назад кон диктатура (од видот на авторитарен популизам – диктатура која ја користи изборната фасада за затскривање и операција на системот заснован во основа на самовластие на партиската олигархија со укинување на правната држава).

Зошто и како можеше да се случи тоа, е секојдневното прашање кое си го поставуваме? Како од тој аворитарен свиок ќе одиме натаму во повторно освојување на слободата и уставната демократија – е потешкото прашање кое ни следи!
Оваа ситуација во Македонија се толерира на скандалозен начин од нашите меѓународни пријатели кои се опседнати со “безбедносната парадигма“. Имено во Македонија има меѓуетничка коалиција на власт која, како и да е составена и од кои мотиви и да функционира – испорачува површен МИР – другото прашање е од второстепен интерес.

Прашањата на демократијата, човековите слободи и права како и владеењето на правото безутешно ни се оставени НАМ, на македонските граѓани (што и да значи тоа) и на нашето искуство во борба за нив, имено за нашата уставна демократија. Од меѓународната заедница може да очекуваме реакција само доколку ја ставиме во позиција да мора да реагира поради нашата стратегија на борба. Таа нема да предизвика промени од неа самата. Што сумарно значи дека во Македонија ќе биде ПОЛОШО – пред евентуално да стане ПОДОБРО! Од таму, и во тие рамки, ќе ги изложам констатациите за карактерот на режимот и основите за борба со него за повраток на слободата и уставната демократија!  

 

НЈ; ДПМНЕ пред некоја ден рече, и тоа во официјално партиско соопштение, дека и тие се антифашисти. На прва топка, кога го прочитав соопштението, почнав да смеам, на втора топка добив спонтана реакција како „од пушка“: Па ако сте антифашисти, како тогаш го објаснувате случајот Кежаровски, човек кој за пишан збор, во денешна, реална Македонија, се’ наоѓа во притвор?!

 

ЉФ: Контраверзите на Македонија се бројни : фашистички – антифашисти е последната од нив. Тие ќе се множат бидејки нашиот идентитет е расклатен, каде одиме е нејасно, желбата за демократија е слаба, Македонецот е згазен и’ не се чувствува лошо при тоа?? Нејасноста на целите и приоритетите создава општество со бесни ирационални гести и пориви на неконтролирано несвесно кое дивее и бара да биде подјармено од ЛИДЕРО. Избликот на ирационален хаос е илузија која бара поредок – наместо Лидерот да ја постави – таа го повикува. Газењето на човековите права при овој изблик на задоволството – во нацијата е секогаш честа колатерална штета. Ние сме држава во која се етаблира авторитарен популизам кој изборите ги има за фасада. И тоа е тоа.  

 

НЈ: Каква е таа власт што не сака да присуствува на дебата, да влезе „во судир“ за најважните политички прашања во државата? Нема жива дебата, имаме само медиумска пропаганда која по дефиниција е политичко насилие кое е преманентно, секојдневно; проаганда која во некоја рамка може да се дефинира како „перверзни соништа спремни да ги исплукаат највалканите лудила кон поединци и групи“?

 

ЉФ: Зошто би влегла во било каква дебата освен пресметка преку контролирани медиуми? Не заборавај никогаш – тоа е авторитарен систем. Тој само ја користи јавноста ако мора и’ тоа како сималакрум, Потемкини села на некоја расправа со строго контролиран исход. Ако исходот не го контролира, ја стопира или оневозможува расправата. Тоа е просто како Парамециум. Наше е да се избориме за алтернативни острови на слободата и’ да се обидуваме со борба да ги прошириме и споиме во КОПНО, континент на слободата. “Крв“ ќе има до колена во таа борба.

 

НЈ: Иван Чоловиќ не’ учи дека патриотизмот не е ништо друго освен шуплина во која се скриваат сите оние кои желно ќе оправдаат некаква лична или колективна фрустрација: најчесто пљачка и злосторство. Зошто тогаш власта оперира пречесто со терминот „Патриотизам“?

 

ЉФ: Нацинализмот, а не уставниот патриотизам, е прибежиште на битанги. Тоа е идеологија која во наши услови е искористена како дете од католички свештеник – за најдолни страсти на политичка мобилизација кај популистите и лидерството на ДПМНЕ. Дополнето со лукративна страна на целосно осиромашување на сите освен Фамилијата. Ризикот од интеретнички судири е позади таа узурпација и коалицијата на власт тоа не може да го спречи – кога ќе се допре дното на сиромаштијата и бесперспективноста на државата која ја предводат. Тешки времиња ќе бидат тоа.

 

НЈ: Oваа харанга кон Вас, Милчин, Исмаил, и уште неколку други луѓе со лустрацијата, грозна работа е преблаг збор. Толку многу се неспосбни и несвесни што всушност прават. Клучот на самата лустрација лежи таму што, лустрацијата требаше да биде помирување на историското наследство и траумите од комунизмот? А ова денес излезе, дека лустрација е истерување на вештерки и малтретирање на недолжни луѓе. За што се работи?

 

ЉФ: Види, Лустрацијата е само уште едно од инструменталните ЗЛА кои власта ги користи за пресметка. Тука има главни цели и икебана. Таа со нас треба да посее страв (исто како со апсењето судии ). Никој не е автономна батерија на моќ и влијание освен страховладата, солдатеската на ДПМНЕ. Тоа е пораката. Јас таа ја знам од почеток. Сите напади секако ги оспорувам со мојата јавна дебата , не можам никако повеќе, и моето влијание во јавноста сега “како жртва“. Тоа е единствената борба која ми прилега и која можам да ја водам. Секако, дома во таа чест го играме заедно со ќерка ми Ивана, рокен-ролот на John Campbell со наслов “Coulldn,t Do Nothin“ (обожува да рипа со мене на тој рокенрол, а и јас со неа, само што колената понекогаш ми откажуваат, па се смееме заедно).

 

НЈ: Ако “личното“, нужно е “политичко“, каков е вашиот живот низ факултетот? Имате ли притисоци од колеги, ректоратот? Од луѓето кои работат тамо? Ве премолчуваат ли? Дали можеби поради лустрацијата ви следува отказ од универзитетот, колку што знам, после 30 години?

 

ЉФ: На факултетoт е ОК,  колегите барем оние со кои контактирам се’ мошне солидарни, ако тоа е прашањето! Оттаму нема да дојде удар, туку поддршка (мислам). Деканот покажува морална (и стручна ) вертикала која е за секоја поддршка и респект. Јавноста им создаде контра-кампања за поддршка која не ја очекуваа. Јебига, понешто добро се случува и во оваа вукојебина.

Оставете коментар