Кавадарци, Скопје и Тетово енормно загадени

Синоќа воздухот беше многу загаден во Кавадарци, Тетово и скопско Лисиче.

Тоа го покажаа податоците од мерните станици за квалитет на воздухот кои се објавени на веб-сајтот на Министерството за животна средина.

Штетните ПМ10 честички во овие општини беа неколку пати над дозволената граница, односно индексот на загадување беше многу висок. Малку помала концентрација но со голема загаденост се и Центар, Карпош, Гази Баба, Битола и Кичево.

Во случај на надминување на концентрираноста на ПМ10 честичките 5 последователни дена со концентрација над 50 µг/m³ министерство за животна средина и просторно планирање препорачува да се користи јавниот превоз, односно возила да не се користат без поголема потреба и повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал и правилно да се користат печките за дрва.

Препораките пак на министерството за здравство и институтот за јавно здравје на Република Македонија се да се ограничат движењето и активностите на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

kavadarci_zagadeno2

Оставете коментар