(Видео): Кавадаречко Здружение на граѓани – пералница на пари?

Седниците на Советот на Општина Кавадарци се повеќе стануваат интересна тема за кавадарчани. Од една страна е интересен поради фактите кои ги презентираат дел од советниците на јавноста и истовремено ги разобличуваат локалните власти во нивните погрешни политики, а од друга страна поради глупостите кои ги тресат дел од советниците на говорницата и изнесувајќи ноторни лаги.Како и да е, говорницата им припаѓа на нив. 

На последната седница на Советот на општина Кавадарци, една од точките која предизвика голема фама низ кавадаречките кулоари беше разгледување на вториот квартал пд Буџетот, како и расправата по Извештајот од работењето на Здружението на граѓани Тиквешија – Полски чувари. На седницата беше разобличено целото здружение кое што од буџетот на општина Кавадарци за 2011, 2012 и 2013 година има земено по еден милион денари.Вкупно 3.000.000 денари за период од три години или 50.000 евра од сметката на кавадарчани.Инаку ова здружение се води како НЕПРОФИТНА ОРГАНИЗАЦИЈА.

Доста интересен е фактот произлезен од излагањето на раководителот на ова здружение, Трајко Тасев, кој констатира дека во теккот на нивното работење апселе луѓе кои поседувале дрога, наоѓале исчезнати лица, детектирале емигранти кои се криеле по територијата на општина Кавадарци и ред други работи кои се надлежност на кавадаречката полиција. Дали со оваа негова изјава сакаше да го зголеме рејтингот на неговата непрофитна организација или пак да го намали кредибилитетот на полицијата и граничната полиција дека не си ја вршат својата работа како што треба?

Советникот Петров во неговото излагање го обвини ова здружение дека се организација која служи за легално вадење на парите од Буџетот на Општината и префрлање на сметка на Здружението. Како што дознаваме од самиот извештај кој беше доставен од самото Здружение на Граѓани – Полски Чувари, поранешниот Претседател на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Тренчев, е исто така и претседател на Управен орган на ова Здружение. Дали во овој случај имаме конфликт на Интереси? Која е всушност вистинската улога на ова здружение?

 

Оставете коментар