Кавадаречкиот театар со две премиери во декември

По подолго време, кавадаречкиот Театар на матичната сцена се јавува со битова драма и според информациите, оваа практика ќе продолжи понатаму со поставување на дело од македонските битови драмски автори еднаш годишно.

“Бегалка“ е во адаптација и режија на Александар Малинков, а во неа играат повеќе генерации познати кавадаречки актери аматери и секако професионалниот дел од тимот на Театарот. Во претставата играат: Душица Настова, Диме Боцев, Љупчо Настов, Милица Гочевска, Никола Деков, Коле Колев, Зорица Ташева, Снежана Карова, Валентина Ѓорѓиева, Елизабета Златева, Видан Станоев, Бранко Најдов, Диме Коцевски, Љупче Шошев, Александар Малинков, Зоран Станоев и Даниел Уневски. Изборот на музика е на Марјан Тодоровски.

Премиерата на претставата се очекува кон средината на декември, на сцената на Домот на културата во Кавадарци.

Втората премиера на кавадаречкиот Театар ќе донесе новогодишна детска претстава. Станува збор за текст на Александар Малинков “Сонот на Дедо Мраз“, кој се јавува и како режисер на претставата. Премиерата за најмладата публика се најавува за 24 декември.

Оставете коментар