Милкови: Кавадаречкиот суд е под притисок на градоначалникот

Ги менуваат судиите, адвокатите бегаат, сведоците се плашат да се појават во судот… обвинија браќата Милкови од Кавадарци, незадоволни , како што рекоа, од пристрасноста на кавадаречкиот суд. Тие тврдат дека пет месеци водат судски спор со Перо Панов, татко на актуелниот градоначалник на Кавадарци, кој е обвинет за нанесување тешка телесна повреда на Методија, а подоцна и за вербална закана кон неговиот брат Панче. Токму денеска, на денот на рочиштето, повторно им било соопштено дека се одложува поради изземање на судијата Лазар Нанев.

 -Тој ни вели: додека син ми е градоначалник јас ќе бидам како шериф во градов. Ова не му е прв случај, тој натепа и продавач на гевреци, но тој нема пари и не тужи. И сега сее страв меѓу населението во Кавадарци, вели Методија Милков.

Неодамна обвинителството го отфрли обвинението на Панче поради недостиг на докази. Милкови сега прашуваат какво е тоа независно судство, па затоа најверојатно ќе бараат и изземање на кавадаречкиот суд.

-На првото рочиште ги изземаа судиите, сега и на второто ги изземаа, а плус тоа и адвокатите се плашат, зашто градоначалникот им се заканувал со инспекции.

Се` почнало, кога Методија во вербална расправија,како што тврди тој, бил нападнат со рачка од пиштол од страна на Панов, при што добил скршеница на носот и бил опериран. Вели дека сето се случувало поради неговите критики за актуелната власт и работата на градоначалникот, кои не му се допаѓале на постариот Панов, па на тој начин сакал да се пресмета со него.Во телефонски разговор Перо Панов видно непријателски расположен не сакаше ништо да коментира околу случајот , единствено со погрдни зборови ја нападна уредувачката политика на нашата телевизиска куќа.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ВИДИТЕ ОВДЕ.

Извор Телма

Оставете коментар