Кавадаречкиот бенд “Smoke Shakers” на гитаријада во Заечар

Гитаријадата ќе се одржи од 30 јули до 2 август оваа година, во друштво од над 200 кандидати од Балканот, “Smoke Shakers” успеа да влезе во 14-те најдобри кои ќе се натпреваруваат на 48 – то издание на оваа гитаријада. 

“Smoke Shakers” се единствените од Македонија кои ќе можат да ја претстават македонската и кавадаречката рок музика.
Гитаријадата во Заечар е еден од најпрестижните демо фестивали во регионот. Имено, на овогодинешниот конкурс за учество биле пријавени 218 бендови од 7 земји од регионот: Србија (162), Хрватска (11), Црна Гора (7), Македонија (6), Словенија (2) и Бугарија (3). Во конкуренција влегле 189 валидни пријави кои ги задоволувале сите пропозиции на конкурсот. Селекционата комисија избрала 14 бендови кои ќе настапуваат во натпреварувачкот дел.

Еве ги бендовите кои ќе настапуваат: 

1. REVOLT – Белград (Србија)
2. GENOVA – Чаковец (Хрватска)
3. HOLOGRAPHIC HUMAN ELEMENT – Травник (БиХ)
4. D ZOO – Суботица (Србија)
5. GODDMAN – Врање (Србија)
6. JONHHY ALMOST – Нови Сад (Србија)
7. SMOKE SHAKERS – Кавадарци (Македонија)
8. MANITOU – Никшиќи (Црна Гора)
9. MEDA, VUK I SANDOKAN – Петровац на Млави (Србија)
10. KIZA BLUZ BEND – Зајечар (Србија)
11. INTHEROOM – Сараево (БиХ)
12. EL KACHON – Ново Место (Словенија)
13. MICROWAVE – Вршац (Србија)
14. Победникот на Belgrade Demo Fest Live 2014

 

 

Оставете коментар